„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето
Ова што го гледате е крајот (опашката) на лавината. Огромен нанос на снег помина над мене и десно од мене.
Тука се слуша како викаат да ме спуштаат полека, бидејќи никој не знае во овој момент дали јажето е неоштетено и дали горе, кај што се ставени тобуларците, се исто така неоштетени.
После ова се спакувавме и си заминавме. Но, неколку лекции научив дента.

Сè што гледате на снегов, како грутки, е лавината.
Можеби на видео и не се гледа баш најубаво, но јас знам дека Атанасовден е за мене втор роденден.
Иако, рака на срце, сите можни услови и предзнаци за лавина ги имаше дента, и апсолутно немав никакво право да одам против природата, ни јас, ни никој од нас.


Хималаи, и „фиксните“ јажиња. Јас и Лазе од врвот на Ама Даблам до платото на Камп 3 симнувавме без јаже, бидејќи тоа што планиравме да го користиме едноставно - се откачи анкерот од мразот.
Тоа е сè што не сакаш да ти се случи на Хималаи.


Симнување од Татри, низ тесен кулоар околу 150-200m во мек снег.
Не најдобра идеја... сме имале среќа.

Orla perch - Tatry - ова е зимска најтешка трансверзала на Татрите. Мислам дека ликот кажува сè.
На Хималаите не бев вака исплашена во некои моменти колку тука. А ова е само 30 дена после моето враќање од хималајскиот Ама Даблам.
п.с. На сликава не се гледа, но под мене има провалија сигурно неколку стотини метри. Ова е сликано пред излезот на седлото од Големиот козји врв...

И за крај - ова се неколку Сториња кои ми биле големо школо во планинарењето...
Од друга страна, во телефон имам прееемногу убави моменти од планините, кои дури немам начин да ги споделам сите со вас, а срцето ми го топлат кога ги гледам.
Планината и природата се најсилни. И не смеете да ги потценувате. Ако има услови, одиш. Ако нема услови, остануваш дома.
Мајчинството ме научи на најголемо трпение, и ги отвори најголемите стравови во мене.
Не чекај да станеш мајка за да бидеш совесен качувач.

А. Ј. | Црнобело
