Позитива на денот: Дац и Александар им пеат на вработените во кујна во ресторан во Кавадарци (видео)

Додека настапуваа во ресторан во Кавадарци, Дац и Александар не заборавија на персоналот во кујна кој работи и се забавува - Митевски им пееше на вработените и им посвети песна од Здравко Чолиќ додека тие пееја. 

pozitiva-na-denot-dac-i-aleksandar-im-peat-na-vrabotenite-vo-kujna-vo-restoran-vo-kavadarci-video-01.jpg

Пред неколку дена, познатото музичко дуо, Драган Спасов Дац и Александар Митевски настапуваа заедно со Маја Гроздановска Панчева во ресторан во околината на Кавадарци.

Освен што ги кренаа гостите на нозе и направија весела атмосфера меѓу нив, и вработените во кујна се забавуваа на хитовите кои тие ги пеат.

pozitiva-na-denot-dac-i-aleksandar-im-peat-na-vrabotenite-vo-kujna-vo-restoran-vo-kavadarci-video.jpg

Па наместо да гледаат отстрана, Дац и Александар им приредија вечер за паметење, кога отидоа да им запеат специјално на нив.

Тие покажаа дека се внимателни и ги освоија сите со својот гест откако го објавија видеото на нивната Фејсбук страница.

На снимката се гледа како Александар им приоѓа и ги поздравува вработените во кујна, посветувајќи им ги стиховите „Medju svojim sestricama“ од песната „Pjevam danju, pjevam nocu“ на Здраво Чолиќ.

pozitiva-na-denot-dac-i-aleksandar-im-peat-na-vrabotenite-vo-kujna-vo-restoran-vo-kavadarci-video-02.jpg

„Кога тие се на смена и имаат работа, ние доаѓаме кај нив да им ја исполниме музичката желба.

Поздрав до кујната и целиот колектив на убавото Моклиште, Кавадарци.

Љубовта се множи кога се дели.

Ваши, Дац и Александар“ - пишува во описот на видеото. 

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Александар Динев ја покажа куќата во с. Балинци каде израснал: „Немавме тоалет внатре, многу сакав с... Кога влезе во детската соба, каде што почнал да ги снима првите видеа за ТикТок,...
Александар Митевски за спортската химна од Тоше: „Дојде од пат уморен, ја отпеа од прва и му се напр... „Токму денеска пред 18 години се роди песната „Македонија навива за вас“. Мелоди...
Александар Јосифовски, кој се прослави во Ѕвездите на Гранд, објави први фотки од ќерката - по разво... Нашиот рокер се разведе по 8 години брак, па убавата Србинка Ана му го освои срц...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...
Елвир Мекиќ: „Бев фан на Магија, со 57-ца стигнав во Радишани и заѕвонив на врата кај Јован за да ми... „Тогаш првпат во животот отидов во Радишани. Прашав каде живее Јован и ми ја пок...

Најчитани неделава