Не е Норвешка. Не е Алјаска. Не се Доломитите – Македонија е (фото)
- Детали
- среда, 11 февруари 2026
„Нè пречека густа магла што ги бришеше видиците и ги криеше патеките. Чекоревме напред без јасна слика каде одиме, а на моменти и без да ја гледаме целата група“, споделува Маја Дукова за тешкото искачување на Царев Врв на Осоговските Планини.

Маја Дукова се искачи на Царев Врв, една од повисоките планински точки во Македонија.
Овој врв е висок 2.085 метри и се наоѓа на Осоговските планини.
Фотките на Маја оттаму се вистинска снежна бајка.

Сепак, таа открива дека ова не било лесен предизвик.

Маја за искачувањето вели:
„Планината не нè пушти лесно.
Од самиот почеток нè пречека со густа магла што ги бришеше видиците и ги криеше патеките. Чекоревме напред без јасна слика каде одиме, а на моменти и без да ја гледаме целата група. Но, продолживме.
Чекор по чекор, со доверба и тишина меѓу нас.
Таа тестираше. Ние не застанавме.
И кога реши – само за миг – ни го покажа сето она поради кое дојдовме. Потоа повторно се затвори.
Но, беше доволно.
Зашто планината не се освојува. Таа дозволува“.





