Ана Стојановска издоминира на црвениот тепих на Берлинале - смела креација и високи чизми на снегот во Берлин
- Детали
- четврток, 19 февруари 2026
„Хипотермијата се плаши од неа“, се пошегува пријателка на актерката поради снегот и студот во Берлин, а која објави една од фотографиите од Ана на својот Инстаграм.

Нашата актерката Ана Стојановска, заедно со екипата на филмот „17“, вчера (18.02) се прошета на црвениот тепих на Берлинале, еден од најголемите филмски фестивали во Европа.
Со својот изглед и стил, Ана издоминира на црвениот тепих и повторно покажа дека е една од најзгодните, но и најхрабри македонски актерки, кога е во прашање изборот на облека за големи филмски премиери или фестивали.


Иако во Берлин има снег, таа на црвениот тепих се појави во креација од нашиот дизајнер Марков - боди со стилизирано црвено палто и високи чизми до над колена.
Ана објави неколку фотки на Инстаграм, но и видео од црвениот тепих, станот во кој е сместена со дел од екипата, подготовките за фестивалот и забавата по проекцијата.


„Хипотермијата се плаши од неа“, се пошегува пријателка на актерката, која објави една од фотографиите од Ана на својот Инстаграм.


За потсетување, македонскиот филм „17“ е првенец на Косара Митиќ.
Тој е во официјална конкуренција за наградата „Најдобар дебитантски филм“, награда која на Берлинале се доделува од 2006 година, а со која им се дава поддршка на младите автори.
