Каролина Гочева модно издоминира во шоуто на Цеца - ја засени и домаќинката (која покани уште тројца Македонци)
- Детали
- вторник, 24 февруари 2026
Со насмевка од милион долари и дамска префинетост и елеганција, без голотија и без нападна шминка, Каролина издоминира при гостувањето во „Цеца шоу“. Кои Македонци ја придружуваа?

Само Каролина го може тоа... На едноставен начин со умерена шминка и без голотија да издоминира и да ги засени и сите, па дури и Цеца.

Тоа се случи при гостувањето во „Цеца шоу“, каде Каролина во едноставен, црн фустан со коса во бранови буквално блеска.

Шоуто допрва треба да се емитува на телевизија „Блиц“, но фотографиите од снимањето покажуваат во какво издание се појави таму нашата дива.

Покрај неа, Цеца во оваа емисија покани уште тројца Македонци и тоа Никола Станишиќ од Волково, кому Цеца му беше ментор и кој е победник во „Ѕвездите на Гранд“, нашиот Мики Секуловски, како и музичарот Иван Милевски.

Прочитајте и Никола Станишиќ, победникот на Гранд: „Девојката ми раскина на финалето - ме блокирала, на нејзините им пречеше што сум Ром“

Иван Милевски (26) од Велес е вокалист во групата „Fantasy Band“.
Тој во септември 2025-та ја запроси саканата Сара Манеска (22), тиктокерка од Прилеп, која живее во Швајцарија, за време на нивното патување на Малдиви.

Прочитајте и Пејач од Велес ја запроси саканата Сара, тиктокерка што живее во Швајцарија, за време на одморот на Малдиви (фото)
С. С. | Црнобело
