Дечко од Ресен ја запроси саканата Ангела во Швајцарија: „Луѓето на мостот чекаа да кажам ‘да’ и ни аплаудираа“
Потоа отидовме во еден ресторан да прославиме и да ги известиме нашите родители, преку видео повик и сите беа со насолзени очи и изненадени.
Но, морам да напомемаам дека најрадосен беше дедо Живе, кој е дедо на Живе и по него го носи неговото име. Всушност дедо Живе беше единствен, покрај моите сестри, кој знаеше дека неговиот внук ќе ме запроси.

Но, вистинската прослава следуваше кога се вративме во Македонија.
Направивме прослава со нашите најблиски роднини и пријатели, нормално сето тоа проследено со музика.

Вечерта започна со мојот говор, каде што им се обратив на нашите родители и им се заблагодарив на сите, а најмногу на мојот вереник за целокупната организација и реализација за запросувањето.
Тоа беше навистина емотивно за сите нас, но и момент кој ќе го паметиме, започнувајќи едно ново поглавје.

Живе со неговиот музички талент и одличен глас цела вечер пееше за мене, иако за прославата беа повикани и „Персиди“, групата во која Живе пее и свири на хармоника, Марјан Коцев заедно со Мишел Трајковски и неговиот оркестар кои се погрижија да биде атмосферата незаборавна.

За крај, мора да нагласам дека ова се моменти за кои се живее и кои ќе останат врежани во нашите сеќавања“.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело