Стефан Лазаров ќе стане татко, за CRNOBELO открива: „Дознавме во 7-ма недела“

Сè е ова некако магично, ново за нас... преубаво. Го слушнавме и срцебиењето на бебето, снимив и видео од моментот.

Слушаш, сакаш пак, го преслушуваш и си го пушташ видеото пак пред спиење.

Се сеќавам си седиме со Марта пред да нè прими докторот, си разговараме ако биде машко што ќе му купиме прво, ако биде женско што.

Веќе почнавме да смислуваме каква ќе биде собата.

Фала му на Господ, Марта го поминува сè ова најнормално и нема потешкотии, мачнини...

stefan-lazarov-kje-stane-tatko-za-crnobelo-otkriva-doznavme-vo-7-ma-nedela-sakam-da-e-mashko-05_copy.jpg

Инаку, во моментот кога дознавме дека ќе станеме родители, беше 9 сабајле иииии... сите ги разбудивме, ха, ха.

Прво му свртев на Мандар, но спиеше и не ми крена.

Потоа се слушнавме со Ристе Гавровски, тој ни е кум - го разбудивме и шокиравме, секако беше пресреќен.

Му се јавив и на Ерко, тие ми се најблиски. Слични реакции...

Потоа, секако, и јас и Марта се јавивме на нашите - требаше да ви ги снимиме реакциите за да ви доловиме.

Сите почнаа да плачат од среќа. Ова ќе биде прво бебе во нашето семејство и веќе имаме чувство дека бабите многу ќе го разгалат.

stefan-lazarov-kje-stane-tatko-za-crnobelo-otkriva-doznavme-vo-7-ma-nedela-sakam-da-e-mashko-03.jpg

И ќе си бидам искрен и ќе си признаам дека сакам првото да е машко.

Отсекогаш сум замислувал како постариот брат ја чува сестрата во животот, а Марта првото сака да е женско.

Но и двајцата ќе бидеме пресреќни што и да биде. Како викаат, што сака нека биде само да е живо и здраво.

Погледнете го и видеото што го објави Стефан:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
Стефан Лазаров: „Сакам да ме гледаат како лик кој немал ништо во животот и создал сè сам во својата ... „Некој ќе каже во Македонија сме такви (критикуваме). Не, не, секаде е така. Дур...
Тони Зен објави прва фотка од ќерката Дена, 6 месеци по нејзиното раѓање - jа носи во кенгур на прош... „Како круна на сето во 2025-та е што на 3-ти декември ни се роди ќерка, Дена се ...
Стефан Лазаров и сопругата направија откривање на полот на детето - со торта на плажа (видео) Се прегнуваат и бакнуваат на плажа, откако открија кој пол е нивното бебенце. Ст...
Пајак со тон емоции по исповедта за пелтечењето, а Стефан Лазаров: „Тој поседува сè што треба да има... По емотивната исповед, Пајак им се заблагодари на сите за поддршката... Дечко со...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...

Најчитани неделава