„Си кажавме колку се сакаме, како да знаевме дека е последно“ – Ана се потсети на последниот настап со ДНК пред Кочани
- Детали
- понеделник, 09 март 2026
„Паметам како вчера да беше... Стопати си кажавме колку се сакаме, скокавме, се забавувавме, се гушкавме, како да знаевме дека е последно...“ - напиша Ана Костадиновска, придружниот вокал на ДНК и сподели спомени од последниот настап на бендот, една недела пред кобната трагедија.

Се ближи 16 март, кобниот датум кога ќе се наврши една година од страшната трагедија, во која животот го загубија голем дел од членовите на ДНК, заедно со уште многу други невини души.
Само една недела пред нивниот последен настап, кој не успеаја ниту да го довршат, ДНК настапија во скопски клуб, заедно со Врчак.
Тогаш од бендот споделија фотографии и видео од атмосферата и напишаа:
ФАЛА ви Скопје за прекрасната енергија во петокот, сè уште сме под импресии… До следен пат, Ваши ДНК.
За жал, нивниот следен пат беше токму во Кочани, а денес, Ана Костадиновска, придружниот вокал на ДНК, се потсети на тој настап во Скопје, последниот среќен момент со колегите, кој ѝ е останат во сеќавање.
Таа пишува дека имало многу емоции помеѓу нив, како да знаеле дека ќе биде за последен пат.
Ана објави повеќе фотографии од таа вечер и напиша:
„Паметам како вчера да беше... Секоја песна, секоја емоција. Стопати си кажавме колку се сакаме, скокавме, се забавувавме, се гушкавме, како да знаевме дека е последно...
Бескрајно многу ми недостасувате!“






М. М. | Црнобело
