Вирален статус на Македонка: „Интелигентна жена кај нас е к*чка, добра е глупава, а атрактивна – блудница“
- Детали
- вторник, 10 март 2026
„Во Македонија жената кога е интелигентна и образована ја нарекуваат кучка и одвратна. Ако е манекенка - за нив е многу лесна, блудница. Ако е борбена - таа е чисто зло. Ако не е во брак - не е нормална“, вели Ана Глигорова, режисер и борец за човекови права.

На социјалните мрежи вирално се шири објава на Македонка која поттикнува дебата.
Без разлика што објавата е постара, таа е на безвременска тема за етикетирањето на жените, односно како некои мажи гледаат на нив.

Ана Глигорова, режисер и борец за човекови права, чиј статус сега одново го сподели и Фросина Фро на Фејсбук, зборува како мажите им судат на жените според одредени карактеристики и како секогаш успеваат да ги етикетираат на еден или друг начин.
Објавата на Ана гласи:
„Кога е убава, згодна, привлечна ја посакуваат, но ѝ завидуваат и мразат.
Кога е интелигентна и образована ја нарекуваат кучка, неподобна, одвратна.

Кога е мила, добра, хумана, секогаш подготвена да покаже емпатија и солидарност, таа е најверојатно за нив глупава.
Кога е борбена, директна, самостојна, економски независна - таа е чисто зло.
Кога е вдовица, самохрана, кога не е во брак, таа е „ненормална“ за нив.

Кога чува куче или маче, таа е неспособна да си најде маж или да роди дете.
Ако е манекенка, актерка, балерина, за нив е многу лесна, блудница.

Се прашувам дали можат да бидат сигурни за што мечтаела нивната родена мајка или ќерка.
Не, не се прашуваат! Не се доволно паметни за тоа!“

