„Фалиш и допрва ќе фалиш, не се договоривме вака“ - Познатите и пријателите се збогуваат од Кили

„Кили друже мој од старо маало кај парк, каде одлета прерано кон синото небо во твојата втора татковина. Помина низ премрежја на тешка болест - канцер, беше уверен дека алтернативната медицина и далечната земја ќе ти помогне во лечењето, и беше во право“ - пријателите и колегите меѓу кои Дац, Весна Петрушевска и други, се збогуваат од Кили. 

falish-i-doprva-kje-falish-ne-se-dogovorivme-vaka-poznatite-i-prijatelite-so-emotivni-zborovi-za-kili-falish-i-doprva-kje-falish-ne-se-dogovorivme-vaka-poznatite-lichnosti-i-prijatelite-se-zboguvaat-od-kili.jpg

Утрово се разбудивме со тажна вест дека нашиот легендарен актер Кирил Поп Христов - Кили почина.

Неговата сопруга за CRNOBELO.com потврди дека тој починал во сон од инфаркт, на 58-годишна возраст во Еквадор, каде што живееше од 2014.

На социјалните мрежи колегите сопругата Гордана објави емотивни фотки, но и пријателите и колегите емотивно се збогуваат со него.

Дел од нивните објави:

Петар Младеновски (Пеце Суперхикс)

„Кили...
Комшија, актерска и музичка големина. Шегаџија и "заебант" прва класа. Енергија, мисла, дух и душа до Еквадор и назад!
Капиштечка и "Килиштечка" легенда!

Лесна му земја и вечен спомен!
Ќе фали и нема да има втор.

Сочувство до семејството и пријателите“.

Драган Спасов Дац 

„Збогум Кили“.

Ранко Петровиќ

Почивај во мир драго мое другарче - будалче

Поминавме многу златни бубамари, радио емисии, проби… Се течеше лесно и многу забавно, беше вистински принц на уметноста и крал на својота професија.

За секоја радио емисија или настап на Златна Бубамара ќе се сеќаваме со радост, ќе те памтиме како другар кој го ширеше добриот дух во градот.

За сите што те познававме, ќе ни остане спомен дека сме имале можност да се дружиме со уникатен, шармантен и многу добар човек.

Почивај во мир

Ана Глигорова 

„Кили друже мој од старо маало кај парк, каде одлета прерано кон синото небо во твојата втора татковина.

Помина низ премрежја на тешка болест - канцер, беше уверен дека алтернативната медицина и далечната земја ќе ти помогне во лечењето, и беше во право.

Неверојатен во Тетовирање, одличен во музиката, мултиталент. Еден и единствен, роден бунтвоник, друже мој.

Ќе завршам во твој стил - Ма немој да ме ј..беш бре! - упатен кон сите комформисти, опортунисти, малогаѓни и простаци

Лејдис анд Џентлмен, ви го претсавувам новиот претендент за вечноста Кили Поп Христов, еден и единствен“.

 

Јохан Елзесер

„ЛИК кој е изгравиран во скопскиот асфалт.

Цела ноќ лошо спиев ко да знаев дека нешто ружно се десило, станав сеа си викам батали спиење… и што да видам.

Срање у густо грање. А пред десет дена ми честиташе за бубамарата на Нина.

Јбг Кили, не е убаво вака, лесна ти земја, почивај у мир“.

Татјана Алексиќ 

„Госпоѓо Гордана Деан Попхристова ви сте мој божји дар" - Кили за својата вечна муза.

Нека му е светол патот кон sвездите, беше sвезда и на земниот свет, оригинален, автентичен, пред сите времиња и контра гравитацијата... Летај школски“.

Божидар Божиновски

Почина и Кили, можеби една од најуникатните појави во Македонија, сигурно еден од најдостоинствените кој реши да го нема наместо да снима тртокласни проекти, пошто нема веќе филм, серија, претстава туку само проекти, наместо да гостува на секоја емисија и да зборува за како било, се појавуваше еднаш на неколку години - фрлаше бомба и се повлекуваше оставајќи ни фрази и впечатоци кои некои цел живот не успеваат да ги остават.

It's better to burn out than to fade away.

Нека почива во мир и сочувство до семејството.

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
„Исто убава си, како кога бев вљубен во тебе“ - Кили со емотивен последен поздрав со Софија Куновска... „Је*ем ти живот, иста си целосно како кога бев многу заљубен во тебе“, Кили во с...
Едина Муса (33) се пофали, 10 месеци по породувањето: „За ова тело се погрижив јас“ Едина Муса, една од најубавите познати Македонки, си потстрижа шишки, се врати н...
„Те сакаме“ - Сопругата на Кили објави емотивни семејни фотографии по неговата смрт - легендарниот а... „Кили ни отиде... Те сакаме!“, напиша Гордана Деан Поп-Христова и објави ни...
„Ништо веќе не е исто“ - Сопругата на Кили објави фотка од него и зборови полни болка, 2 седмици по ... „Ништо веќе не е исто, сè е сменето за Јоана и мене тука во Еквадор, куќата е пр...
Мартин и Стефан од Некст Тајм во Рим - со постариот брат наздравуваат со ракија: „Повторна ергенска ... Поради фотографијата на која стои пораката „Повторна ергенска средба во Рим“, но...

Најчитани неделава