„Фалиш и допрва ќе фалиш, не се договоривме вака“ - Познатите и пријателите се збогуваат од Кили
Дарио Панковски
Кили друже драги, секогаш кога ќе се видевме ми се обраќаше со "Па где си принче мој!".
Е па Принче мој од Недојдија илити My Prince from Neverland, сега летај насмеан и слободен низ својата замислена земја, затоа што ти не беше роден за овој свет, а уште помалку за оваа земја.
Нека ти е вечна слава!
Петар Георгиевски - Камиказа
„Мислам дека ова мало потсетување, е најдобар начин да го испратиме во вечниот дом, брилијантниот Кили.
Патувај мирно колега, нека ти е светол патот до вечноста.
Кили, Јасмина и јас во „Марика лета со авион”.
Весна Петрушевска

Теа Трајковска
„Уште една легенда нè напушти. Почивај во мир Кили! Ќе останеш запаметен како ретко фациште“.

Миа Костова

Ивана М. Лазаревиќ
„Комшо бе, Kiril Pop Hristov, не се договоривме вака. Нели ќе праевме хотели и ќе развивавме туризам во Еквадор?!
Фалиш и тек допрва ќе фалиш. Фала ти за секоја одиграна улога, секој збор, секое “Јутро комшике”. Почивај во мир легендо. До некое следно видување“.

„Еден на Еден“
Непосреден, искрен и полн со живот - секој што имал чест да си дел од неговиот живот така ќе те памети.
Во „Еден на Еден“ не беше само гостин, туку и голем пријател, човек што знаеше како да ја направи атмосферата полесна, а разговорот потопол.
Ќе ни фалиш, друже.
Последен поздрав и искрено сочувство до семејството.
М. М. | Црнобело