Уметница од кратовско се пожали: „Клиенти не ги подигнуваат нарачките изработени специјално по нивна желба - не е фер“
- Детали
- петок, 13 март 2026
„За жал, се случува oва и за мене значи загуба на време, труд и материјал, но и финансии со оглед на тоа дека доставата за секоја вратена пратка треба јас да ја платам на карго службата“, вели искрено талентираната Елена Арсовска од с. Шлегово. Мора да го цениме трудот на уметниците, зарем не? Време е!

Елена Арсовска од Шлегово, кратовско, изработува минијатури, претежно со тема – традиционални софри со македонска храна, a нејзините изработки ги споделува и на Фејсбук.

Минијатурите ги изработува од полимерна глина, но користи и други материјали како дрво, платно, лим и сл.

Храната од полимерна глина ја моделира рачно, без употреба на калапи, така што секое најмало делче е посебно изработувано и е уметничко дело само по себе.

Таа повремено изработува и накит во повеќе техники.

Сега, разочарана од однесувањето на некои клиенти, Елена се пожали на Фејсбук.
Нејзиниот апел сигурно сакаат да го испратат и многу други наши уметници, кои вложуваат време, талент и труд, а на крај тоа, за жал, не се цени доволно.

Нашата уметница вели:
„Сакам да ве известам за една мала промена во мојата работа, од сега па натаму нема да изработувам по нарачка, освен за клиенти со кои веќе имаме изградено доверба и долгорочна соработка.
