Нашиот BadStef фотографираше на Оскари 2026: „Најголема фама имаше за Мајкл Б. Џордан, Ел Фанинг ми беше фаворит“
- Детали
- вторник, 17 март 2026
„На црвениот тепих ги снимив Мајкл Б. Џордан, кој таа вечер ја доби статуетката за главна машка улога, Ен Хетавеј, Ана Винтур, Ел Фанинг, Зои Салдана, Пријанка Чопра и Ник Џонас, Хавиер Бардем и други“, фотографот Стефан Соколовски за CRNOBELO.com oткри интересни детали од Оскари 2026.

Македонскиот фотограф со интернационална кариера, Стефан Соколовски, познат како BadStef, веќе неколку дена е во Лос Анџелес.

Иако таму отиде поради својата долгогодишна соработка со модниот дизајнер Филип Плајн, бидејќи тајмингот се поклопи со доделувањето на Оскарите, Стефан ја искористи можноста да присуствува на најголемиот филмски спектакл како еден од акредитираните фотографи.

Стефан ни раскажа за своето патување во градот на ангелите, за впечатоците од Оскарите, а ексклузивно за CRNOBELO.com сними видеа на црвениот тепих, со ѕвезди како оскаровецот Мајкл Б. Џордан, Ен Хетавеј, Ана Винтур, Ел Фанинг, Ашер, Зои Салдана, Пријанка Чопра и Ник Џонас, Хавиер Бардем и други.
Крис Еванс и Алба Батиста
За CRNOBELO.com, тој вели:
„Оригинално во Л.А. дојдов за Филип Плајн. Тој правеше огромна журка по повод Оскарите во неговата вила од 200 милиони долари, која се наоѓа во Беверли Хилс и беше феноменална.
Во вилата на Филип Плајн
Со него работам и на снимањето на документарниот филм за неговиот живот, па иако требаше да одам на оскаровската забава на Елтон Џон, не стигнав, бидејќи со Филип и неговото семејство цел ден снимавме во Њупорт Бич, кој е на 1 час возење од Л.А., но и далеку од локацијата на забавата.
Зои Салдана
Градот е огромен и не се стига лесно од едниот до другиот крај.
Ен Хетавеј
Но, бев на предоскаровската забава организирана од брендот Giorgio Armani, а на покана на Мадалина Генеа, која е најубавата жена од Романија, а со која сликав едиторијал.
Со Мадалина Генеа на забавата на Armani
На забавата на Armani беа многу познати актери кои се заштитни лица на брендот од Америка, Италија, Мексико, Шпанија...
Гвинет Палтроу
