Нашиот BadStef фотографираше на Оскари 2026: „Најголема фама имаше за Мајкл Б. Џордан, Ел Фанинг ми беше фаворит“
Бидејќи однапред знаев дека ќе одам во Лос Анџелес во време на Оскарите, се акредитирав како фотограф на настанот, па одблизу имав шанса да ги видам и да снимам некои од ѕвездите кои поминаа на црвениот тепих.
Ана Винтур
Најголемата фама беше околу Мајкл Б. Џордан, кој потоа освои Оскар и сите беа „залепени“ до него, за разлика од Ана Винтур, која се движеше грациозно, отпоздравуваше но како никој да е смееше да ѝ се доближи и сите од тимот беа на дистанца од неа.
Мајкл Б. Џордан
Од сите ѕвезди што ги видов, мој фаворит на црвениот тепих беше Ел Фанинг.
Ел Фанинг
Во Л.А. останувам уште една недела, период во кој имам закажано фотосесии и едиторијали за неколку списанија, а чекам одговор и за сликање со А-лист личност од Холивуд, но поради потпишан договор за приватност со мојата агенција тука, не смеам да откријам за кого станува збор“.
Погледнете повеќе фотографии:
Деми Мур
Ашер со сопругата
Ник Џонас и Пријанка Чопра
Хавиер Бардем
Рита Вилсон
Погледнете ексклузивно видео од Стефан за CRNOBELO.com:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
