Христина Пан со сопругот за ракот на ќерката (3): „Беше метастазирано низ цела глава. Секоја коска на главата, сè“
- Детали
- вторник, 24 март 2026
„Бевме на редовен преглед кај матичната, како што ги прегледуваат бебињата... Ја легна под јако светло и јас гледам и викам: „Еј, што ѝ е оваа црвена точка?“ А, таа вика: „Се гребнала нешто...“ Но, таа точка почна да се проширува и буквално цело око да ѝ станува крваво“, вели Христина Младенов за ќерка си Тара.

Христина и Петар Младенов се родители за 3 деца, но и херои од реалноста. По борбата со неплодноста, тие беа благословени со близначките Хана и Тара, но среќата не траела предолго.

Кај малата Тара на само 8 месеци се појавиле први симптоми на рак, а оттогаш почнала тешка битка – прво за соодветна дијагноза, а потоа и за лекување на нивната малечка.

Денес, Тара е одлично... Таа е весело 3-годишно девојче и ужива во детството со близначката Хана, но и помалата сестра Калија, која се роди во 2025-та година.

Прочитајте и Христина Младенов: „Во борбата со неплодност душевната болка е неподнослива, но денес ги имам моите Хана и Тара“
Христина и Петар за првпат комплетно го раскажаа тешкиот пат кој го изодеа со Тара, а особено за најстресниот период – периодот на дијагностицирање и прифаќање на дијагнозата.

Лазаров на Христина и Петар им вели: „Дознавате на осмиот месец дека Тара има тумор“.
Нивната емотивна исповед:
„Првите симптоми ги имаше тогаш - на 8 месеци.
Бевме на регуларен преглед кај матичната, како што ги прегледуваат бебињата... Ја легна под јако светло и јас гледам и викам: „Еј, што ѝ е оваа црвена точка?“
А, она вика: „Се гребнала нешто...“

После тоа, почна таа точка да се проширува и буквално цело око да ѝ станува крваво и да има како модринка под окото.
Ја носиме пак на преглед, викаме, урламе, дека ова навистина не е како што треба.
И зедоа еден куп крв, не знам ни за што сè ѝ земаа.

