Ивана Лескароски (37) прослави роденден и 5 години без рак, но покрај болничкиот кревет на синот: „Мојата желба е победа на син ми“
И денес… имам уште поголема причина да се борам.
Мојот Роман.
Моето око, мојата сила, мојата најголема молитва.
Ако нешто посакувам денес, тоа не е за мене.
Не е здравје за мене, не се желби за мене…

Сакам следниот мој роденден да го дочекам
со насмевка што ќе значи уште една победа.
Победа на моето дете. Победа на Роман.
И знам дека ќе дојде тој ден.
Затоа што оваа мајка не се откажува.
Затоа што љубовта не губи.
Затоа што вербата е посилна од секоја дијагноза.

Денес не славам роденден…
Денес славам ЖИВОТ.
И ветувам, ќе се борам додека и последната битка не стане победа.
Нека ми е среќен роденденот, а јас,
можам, морам, сакам ќе успеам во сè што следува имам за кого, за Дејан, за Роман, за двата ангели на небото, за моите сакани и за сите вас на кои сум инспирација и пример за тоа како се бори со животот секој ден и сè до последен здив.
Овој роденден нe беше гласен...
Го славев тивко, со солзи и со насмевка во исто време.
Не славев со гужва и музика,
славев во кревет, таму каде што животот нè стави да бидеме најсилни.
До мене, мојата најголема сила, мојот Роман.