Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават нашите ѕвезди деновиве?
- Детали
- понеделник, 30 март 2026
Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска откри колку тешко се справува со грижата на совест додека прекинува со доење со второто дете, а Ева Нединковска е повљубена од кога било. Маја Кикириткова со фотки директно од аеродромот во Истанбул ја пренесува хаотичната атмосфера...

Бојана Скендеровски со сопругот и двете деца ужива во Виена, а актерката Нина Деан ужива во друштво на синот Каи.
Што прават македонските ѕвезди деновиве?
Маја Кикириткова беше на патување во Истанбул со сопругот, но „заглави“ на аеродром
Поради лошите временски услови, многу летови од овој аеродром биле откажани и на самиот аеродром имало турканици со преку 15.000 луѓе, но потоа од страна на агенцијата Маја се пофали дека им било обезбедено одлично место да преноќат, како и дека за сите луѓе од откажаните летови било обезбедено сместување.


Нина Деан шета со синот Каи, по настапот на „Глумците пеат“, a ja најави и новата серија на телевизија „Алфа“


Иван Јованов ѝ прослави роденден на ќерката Ниа

Kики Мукаетова ужива во Рим, а прошета и со кул палто со натпис


Ева Нединковска на патување со новиот партнер, парот јавно разменува нежности


