Маја Гроздановска за љубовта со Дарко Панчев: „Собирав негови сликички како дете, го запознав на свирка - во брак сме 25 години“
Маја вели дека никогаш не ја мерела својата популарност со неговата слава, но дека сепак имало момент кога ѝ паднало криво за една работа поврзана со популарноста.
„Па, да, ми падна криво, а Дарко ми го кажа тоа: Немој да мислиш дека луѓето кои ти се блиски ќе останат исти. Со тоа што можеби можеш да си приуштиш нешто повеќе, ќе го сменат мислењето.
За одредени личности тоа беше така, а не можев да верувам дека тоа ќе се случи, зашто јас не се сменив.

А со Дарко опстојуваме, затоа што и покрај својата слава, тој е човек што навистина е на земја.
А децата дури сега осознаваат некои работи што можеби сум требала да им ги кажам порано.
Не сум велела: Еј слушај, татко ти има Златна копачка, мајка ти е мачка... не! Сакавме да дојде време кога ќе се самите свесни да осознаат кои им се родители“.

Брзо по ова, Сергеј му се јавува на Дарко, кој на шега вели:
„Јас ја пуштив жена ми да збори со тебе, а не ти со мене, ха, ха“.
Потоа, тој раскажува за нивното запознавање.
„Маја првпат ја видов на телевизија, пееше на Макфест и многу ми се допадна и како изгледа и како пее.
По неколку месеци, случајно ја видов во Скопје, во едно кафуле во Капиштец, исконтактиравме и ме заинтригира и јас бев тој што иницираше да се видиме.
Таа беше патријархално воспитана, тврда, знаеше дека сè уште сум во некаква заедница, иако беше пред крај, едноставно - расклатена.
Не сакав да ја форсирам зашто видов дека е многу тврда во тој поглед, но бев упорен и после некое време се сложи да се видиме и така почна идилата.
Видовме дека си одговараме еден на друг, добро функционираме, супер се сложуваме“, вели Дарко.

Погледнете го целото интервју:
А. Ј. | Црнобело
