Македонка со фотки од болница и секојдневието: „Зошто често се фотографирам самата, а треба и вие?“
- Детали
- четврток, 16 април 2026
„За да се потсетам дека поминав и низ ова (здравствен предизвик), значи ќе поминам и низ следниот предизвик. За да не ја заборавам оваа верзија на мене. За години подоцна да се погледнам со помил поглед и да се чудам каде сум си ги гледала мааните...“, гласи дел од објавата на Eрина Богоева.

Eрина Богоева е фотограф и контент креатор и на својот Инстаграм профил неретко споделува свои ставови и мислења.

Овојпат таа проговори на темата зошто сака да се фотографира самата себеси.
Сподели низа фотки од себе, меѓу кои и една од болница.


Нејзината објава гласи:
„Зошто често се фотографирам самата?
И зошто треба и вие?

За да се имам зачувано во фазите на животот.
За да се потсетам дека поминав и низ ова, значи ќе поминам и низ следниот предизвик.
За да не ја заборавам оваа верзија на мене.

Затоа што времето само се забрзува...
А нашето тело успорува.

Затоа што премногу години сме премногу критични кон себе.
За години подоцна да се погледнам со помил поглед и да се чудам каде сум си ги гледала мааните.

За спомен на младоста, на живот низ сопствените очи и секоја нова црта на сопствениот лик“.
С. С. | Црнобело