Синот на Слаткар и Сања Николиќ наполни 6 години - Роденденска забава со диносауруси и многу другарчиња (фото)

„Сè е исто - ден, датум и време. Денес, 6 години подоцна. Среќен роденден сине“, напиша Сања на Инстаграм Стори, каде што објави фотка од точното време на раѓањето на Моша.

sinot-na-slatkar-i-sanja-nikolikj-napolni-6-godini-rodendenska-zabava-so-dinosaurusi-i-mnogu-drugarchinja-foto-01.jpg

Моша, синот на Сања Николиќ и Марко Маринковиќ Слаткар, вчера (15.04) го прослави својот 6. роденден.

А Сања и Марко, по негова желба, направија забава во стилот на „Паркот Јура“, со диносауруси.

sinot-na-slatkar-i-sanja-nikolikj-napolni-6-godini-rodendenska-zabava-so-dinosaurusi-i-mnogu-drugarchinja-foto-03.jpg

Во тој стил беа и украсите во игротеката каде што се славеше роденденот, но и тортата, на која имаше скелет од диносаурус, и натпис Mosha’s World, што алудира на името на популарната филмска франшиза Jurassic World.

А на забавата, Сања и Слаткар заедно со многу другарчиња на Моша, му пееја Happy Birthday, по што Слаткар му кажува да ги затвори очите и да си замисли желба.

sinot-na-slatkar-i-sanja-nikolikj-napolni-6-godini-rodendenska-zabava-so-dinosaurusi-i-mnogu-drugarchinja-foto-011.jpg

Пред роденденската забава и Слаткар и Сања му го честитаа роденденот на синот со фотки на Инстаграм Стори.

sinot-na-slatkar-i-sanja-nikolikj-napolni-6-godini-rodendenska-zabava-so-dinosaurusi-i-mnogu-drugarchinja-foto-02.jpg

Марко сподели фотографија со подарокот што му го купиле, куфер на кој е закачен балон со бројот 6 и исцртан со диносауруси, а Сања објави скриншот од својот мобилен телефон, од точното време на раѓањето на Моша, 10:28.

„Сè е исто - ден, датум и време. Денес, 6 години подоцна. Среќен роденден сине“, напиша таа.

sinot-na-slatkar-i-sanja-nikolikj-napolni-6-godini-rodendenska-zabava-so-dinosaurusi-i-mnogu-drugarchinja-foto-04.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојче (6) од Скопје прослави роденден со 6-метарска реплика на куќата на Снежана и 7-те џуџиња (фо... „Одлуката за идејата и темата за роденденот, како и тортата е на Зои. Испадна во...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Слаткар со солзи во очи, брутално искрен: „Не сакам син ми Моша да пелтечи“ (видео) На прашањето дали има нешто што не успеал да го каже на покојниот татко, одговор...
Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Лозано објави фотка со синот на мотоцикл - сега и неговата сакана Сава го покажа кул аутфитот на син... Влатко Лозаноски сè почесто почна да споделува детали од приватноста со фановите...
Слаткар брутално искрен: „Велеа дека сум наркоман поради говорната маана, а јас бев среќен што не зб... „Добро е, нека зборат дека сум наркоман, само да не зборат дека д’ткам. Замисли ...

Најчитани неделава