Се омажи модната инфлуенсерка Стефанија Кржеска - Блеска во венчаница од тантела, голема свадба во Битола
- Детали
- вторник, 28 април 2026
Стефанија Кржеска (26), која важи за една од најубавите модни инфлуенсерки кај нас, викендов направи голема свадба со саканиот Панче Патоски (27).

Една година по романтичното запросување на Маврово и по венчавката, кога во мај 2025 си рекоа „Да“ и се заколнаа на вечна љубов, Стефанија и Панче направија голема веселба со семејствата, со многу пријатели и блиски луѓе.
Иако и двајцата се од Прилеп, свадбата ја правеа во Битола.

Стефанија блесна во венчаница од тантела, која ја следи линијата на нејзиното тело, а изгледот го дополни со долг вел и ракавици од тантела.
Нејзиниот сопруг избра класичен, елегантен црн костум.

На свадбата присуствуваа и неколку наши модни инфлуенсерки, а добри пријателки на Стефанија - Ксенија Деспотоска, Илариа Кирилов и Ева Јовановска.
Тие споделија фотки со невестата, но и моменти од свадбата.

Тортата, пак, беше голема, со бел фил и украсена со свежо овошје, а пред да ја пресечат, изграјќи во ритамот на музиката, младенците ја наросија со шеќер во прав, па ја поделија со пријателите.
Стефанија и Панче беа во врска скоро 5 години пред тој да ја побара за сопруга.

Кликнете да ги погледнете видеата:
Погледнете повеќе фотографии:

