Наде Молеровиќ, некогашна директорка на училиште: „Девојчињата на Инстаграм се принцези, на улица џелати“
Каде уште потфрлаат родителите? Кои се пропустите што создаваат сурови деца?
Ова се грешките што често ги нарекуваме „модерно воспитување“, а всушност се пат кон агресија: Одгледување „принцови и принцези“ без граници.
Кога на детето му се поставуваат нула граници, тоа верува дека светот му е должен сè!
Кога ќе наиде на некој што нема да му се потчини (друго дете), неговиот единствен алат е агресијата!

Секој пат кога го „спасуваш“ детето од последиците на неговите лоши постапки, ти му велиш:
„Прави што сакаш, јас ќе ги избришам твоите траги“. Така се создава личност без совест!
Ако дома главна тема е кој каков автомобил вози и кој каков телефон има, детето учи дека тие што имаат „помалку“ се помалку вредни луѓе!
Ова е директна покана за малтретирање на тие што се „послаби“ или „посиромашни“!
Ако детето никогаш не те видело како помагаш, како сочувствуваш или како искрено се извинуваш за своја грешка, тоа не може да ја развие способноста да ја почувствува туѓата болка!

Прашање за секој родител денес:
Ако твојата ќерка е меѓу тие што стојат отстрана и снимаат со телефон додека некој е тепан — ТИ НЕ СИ УСПЕАЛ.
Ако твојата ќерка е таа што удира — ТИ СИ ГРЕШЕЛ!
Не можеме да зборуваме за „убав карактер“ ако не ги научиме децата на најважното:
Човечноста е поважна од популарноста!
Драги мајки и татковци, разбудете се пред вашето дете да стане вест во црна хроника. Разговарајте, набљудувајте, прашувајте!
фото: depositphotos.com
Не дозволувајте вашето скролање на телефон да биде причината за нечија траума!
Бидете присутни! Бидете свесни!
Затоа што карактерот не се гради на Инстаграм, туку на трпезата каде што се учи дека вистинската сила е во тоа да заштитиш, а не да „газиш”, да повредуваш!
Револуција на свеста!
Ваша Наде Молеровиќ

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com