Сопругот ја мести Антониа Гиговска, Благица ја гушка: Зад камерите на снимањето на „Чукај, чукај“ (видео)
- Детали
- среда, 29 април 2026
Благица Павловска пее во студио, Дарко Димитров игра на столчето, Роберт Спасенцовски мести свеќи на сетот за спотот, Антониа Гиговска ја гушка Благица и открива детали од снимањето. „На ваше огромно барање, еве што правевме позади камерите...“, напиша таа.

Антониа Гиговска сними дует со Благица Павловска. Станува збор за нова, поинаква верзија на легендарната „Чукај, чукај“, која Благица ја испеа пред неколку децении.

Во песната, како специјален гостин се појавува Роберт Спасенцовски, сопругот на Антониа.

Сега, Антониа објави видео како изгледало снимањето на спотот, односно атмосферата зад камерите.

Од тоа како им прават фризури, па дека Благица малку задоцнила и таа ја чека да почнат, до дека на крај им заврнал дожд, Антониа открива низа детали.


Антониа во описот на видеото напиша:
„На ваше огромно барање, еве што правевме позади камерите и како ни помина снимањето на „Чукај, чукај“... Пресреќна сум што ја слушате!“.

Кликнете на видеото за атмосферата од снимањето:
Погледнете го спотот:
С. С. | Црнобело