Го криеше со шминка окото со јачмен, Сергеј легнат ѝ фрла урок - Тамара сподели анегдоти од снимањето на новиот спот
- Детали
- петок, 05 јуни 2026
„Додека го снимавме спотот на Ања од „Еурека“ сериозно ѝ се слоши. Јас не знаев, ништо не приметив - таа облечена во костим, со шминка, на штикли, како ништо да не ѝ е, а гори од температура. Кога забележавме ѝ кажавме да оди дома да одмори. Девојката не сакаше да слушне!“, раскажа Тамара за CRNOBELO.com.

Пред само два дена Тамара Тодевска го промовираше спотот за песната „Драма квин“, која ќе се најде на нејзиниот нов албум „Кукла жива“, а чија промоција е најавена за есента.
Песната на прво слушање влегува во уво, публиката реагира позитивно и, дел од коментарите се дека со нетрпение очекуваат да ги слушнат и следните песни од албумот.

Но, само неколку часа по премиерата на спотот, фотографот Мартин Трајановски, кој беше режисер и на овој спот на Тамара, преку Инстаграм Стори ги насмеа следбениците споделувајќи коментар оставен под видеото на Јутјуб, а во кој пишува дека „едното око ѝ делува затворено, а шминката утната“.

Целиот коментар гласи:
„Тамарче, супер си како и секогаш, но малку шминката на очите ти е утната, едното око ти е ко затворено, но секако си наша преубавица“.

По ова, Мартин ја откри причината за „затвореното“ око на Тамара.
„Ама многу се смеевме на коментаров.
Мислам дека ова е совршена прилика за еден shout-out до Сергеј Варошлија и Дарко Мишовски кои беа совршени професионалци и се обидоа со сите сили да го покријат ни повеќе ни помалку јачменот на око што ѝ се појави на Тамара, секако на ден пред снимање.
Благодарам за разбирање!“ напиша тој.

Но, ова не е единствената анегдота од снимањето на спотот.
А за CRNOBELO.com, пејачката раскажа како си поминале, но пофали и една од девојките што се појавува во видеото за нејзината професионалност, зашто останала на снимање со температура и си ја завршила задачата беспрекорно.

