Kaролина Гочева блеска на 46-иот роденден - дува свеќички во ресторан во природа, другарките ја снимаат
- Детали
- среда, 29 април 2026
Во елек во бојата која е тренд на сезоната, Каролина покажува дека годините се само бројка. Наздравува со чаша вино со саканите во ресторан во природа.

Каролина Гочева вчера наполни 46 години, а роденденот го прослави во ресторан во природа со саканите.

Меѓу присутните се и нејзините другарки, а на видеото на Инстаграм Стори се гледа како таа дува свеќички, додека тие ја снимаат.

Меѓу нив беше и долгогодишната пријателка и соработничка на Каролина, Цаци Паковска.

Цаци роденденски за Каролина напиша:
„Пред 23 години се запознавме на нашиот прв професионален проект. Но, никој не ме предупреди дека потпишувам доживотен договор со пријателка и сестра.
Среќен роденден Каролина...За уште многу убави заеднички моменти.
Задржи ја засекогаш твојата магична насмевка!“

Каролина блеска во путер жолт елек, со насмевка и младешка енергија, и докажува дека годините се само бројка.
Taa шеговито сподели дека се чувствува како да има 26 години.


С. С. | Црнобело