Сара Мејс се пожали за обврските: „Цел час патувам од Пинтија, со пријатели договарам дружби 3-4 седмици однапред“
- Детали
- четврток, 30 април 2026
Сара Мејс детално прочита како ѝ изгледа дневниот распоред: „Кучиња и јади. Тоа значи да ги прошетам кучињата, да ги нахранам и да имам време да јадам. Коригирај се. Да коригирам шминка, бидејќи сум мислела дека сабајлето ќе се нашминкам. Ништо од тоа не се случи. И на крај, последната точка за денес е Димитар да ја премести храната на нашиот миленик...“

Сара Мејс во ТВ гостување во емисијата „Никој да не знае“ на Телма телевизија, кај Катерина Тодевска Спасиќ, искрено сподели дека за секој ден си прави распоред на обврски во телефон.
Таа детално сподели што сè запишува, а дури и тоа колку време ѝ е потребно да стигне од Пинтија до центар.

Сара се правда зошто доцни, но и колку организација ѝ е потребна на дневно ниво.
Сара го споделува дневниот распоред:
„Свири. Деца и ти. Тоа значи да се спремам себе и да ги спремам нив за во училиште и за градника.
Патронат Илинче, ова е од денес.

Kучиња и јади. Тоа значи да ги прошетам кучињата, да ги нахранам и јас да имам време да јадам.
Среди шминки шкаф. Ова не се случи, но ајде нема врска.
Коригирај се. Да коригирам шминка, бидејќи сум мислела дека сабајлето ќе се нашминкам. Ништо од тоа не се случи.

Пат. Гледај колку ми е патот – еве за сите што мислат дека каснам. Колку многу имам јас пат од Пинтија до тука.
Цел час. Да, значи не сум јас виновна за доцнењето, просто тоа е - има улица што се прави на Рампа.
Потоа, Кате Тодевска емисија од 17:30 во живо.
