Денес е Ѓурѓовден – кои се обичаите поврзани со овој голем христијански ден?

Се оди на црковна литургија, наутро се берат билки и цвеќиња и се прават венчиња за на влезна врата или за на глава за бериќет, здравје и плодност – дел од многуте обичаи поврзани за Ѓурѓовден, празникот со кој се слави пролетта.

denes-e-gjurgjovden-koi-se-obichaite-povrzani-so-ovoj-golem-hristijanski-den-01.jpg

Денес, на 6-ти мај, се празнува Ѓурѓовден, најголемиот христијански празник од пролетниот циклус, во чест на Свети Ѓорѓи Победоносец, а име слават Ѓорѓија, Ѓорѓи, Ѓоко, Ѓурѓица, Ѓурѓа, Ѓуро…

Овој светец се смета за симбол на храброста, верата и борбата против злото, па токму така е претставен на иконата, како воин кој убива ламја.

denes-e-gjurgjovden-koi-se-obichaite-povrzani-so-ovoj-golem-hristijanski-den-03.jpg

Според житието на Свети Георгиј (кое можете да го прочитате на официјалниот веб-сајт на Бигорски манастир), светецот бил роден во Кападокија, како син на богати, но чесни и побожни родители, но сепак, некои извори велат дека бил роден во Бејрут, околу 270 година.

Георгиј служел во војска, а кога наполнил 20 години, стигнал до чин трибун и бил на служба кај царот Диоклецијан. Токму овој цар почнал да ги гони христијаните, по што Георгиј истапил во нивна одбрана и му кажал дека и тој е христијанин.

За да го казни, царот го затворил во самица и наредил нозете да му ги стават во клада, а на градите да му стават камен.

Додека траело сето ова мачење, Георгиј не престанувал да му се моли на Бог кој, пак го исцелувал и го спасувал од смртта.

Бидејќи Георгиј ги преживеал сите страдања, многу луѓе го прифатиле христијанството, вклучувајќи ја и сопругата на царот – Александра.

denes-e-gjurgjovden-koi-se-obichaite-povrzani-so-ovoj-golem-hristijanski-den-06.jpg

Инаку, Ѓурѓовден се празнува во голем број домови во Македонија, но се смета и за еден од најпразнуваните денови во регионот помеѓу словенските народи. 

На овој празник се празнува природата, почетокот на пролетта, будењето на вегетацијата, расцутувањето и никнувањето на плодови, но и животот воопшто.

Кај нас се смета дека со Ѓурѓовден започнува летната половина од годината, што трае до Митровден, па една од народните поговорки гласи: „Дојде ли Ѓурѓовден, чекај си Митровден“.

denes-e-gjurgjovden-koi-se-obichaite-povrzani-so-ovoj-golem-hristijanski-den-07.jpg

Освен што се празнува во црква, со литургија, денот е поврзан со голем број обичаи и верувања, кои се пренесуваат од генерации на генерации низ словенските народи.

Некои се препознатливи за нашиот регион, но истите може да се разликуваат во разни краишта, па некои дури и се преземаат од соседството.

Дел од обичаите се капење со утринска роса, бидејќи се смета дека има магична моќ и носи здравје, потоа рано наутро се берат гранчиња, билки и цвеќиња од кои се прават венчиња.

Според некои обичаи, венчињата кои се прават се ставаат на влезната врата, а многу млади девојчиња ги ставаат на глава за да носат бериќет, да чуваат од зло и опасности.

denes-e-gjurgjovden-koi-se-obichaite-povrzani-so-ovoj-golem-hristijanski-den-04.jpg

Исто така, со билките кои се берат, утрото се крми стоката, со верување дека ќе биде поотпорна на болести во текот на целата наредна година.

Друг обичај поврзан со празникот е лулањето на дебела ортома или јаже закачено на зелено дрво, додека во раката се држи сребрен предмет кој носи долговечност или коприва која поседува магиска моќ, а при лулањето се пеат песни соодветни на тоа дали станува збор за деца или за млади невести.

denes-e-gjurgjovden-koi-se-obichaite-povrzani-so-ovoj-golem-hristijanski-den-05.jpg

Низ разни краишта има уште голем број обичаи и верувања поврзани со овој ден, на многу места се изведуваат и магиски обреди - кои ги знаете вие? 

М. М. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Денес почнува божиќниот пост – кои денови се јаде риба, кога се пости на вода и од што да се откажет... Божиќниот пост ќе трае 40 дена, односно од 28 ноември до 6 јануари, во овој пери...
„Се боревме заедно 213 денови и денес ни одлета“ – Тимот на Систина се збогува од Панчо, како и него... „Вие бевте тие кои ми дадовте 7 месеци можност да се гушкам и зборувам сè што не...
Доктор Горан откри дека доби втор син со забавно видео: „Сакам да ви претставам еден дечко што и јас... „Денес сум во болница, но во цивил. Сакам да ви претставам еден дечко што и јас ...
Мартина Михајловска (27) е згодна мајка - ужива на плажа со синот Матиас (3) и ќерката Алана (6) Поранешната водителка, која ја споредуваат со Ева Мендез, многу ретко објав...
Каде е и што прави денес Јелкица, која го отпеа хитот „Јас можев да ти кажам НЕ”? Се сеќавате ли на убавата русокоса која со само една песна направи бум во Македо...

Најчитани неделава