Наша адвокатка откри дека ја контактирала Македонката чиј сопруг ја уби во Италија: „Милена, зошто не избега да се спасиш?“

„Жртвата, Македонка во Пјаченца, Италија ме контактирала. Ми пиша и ги бришеше пораките, а јас ѝ оставив телефон да ми се јави кога и да може. На 05.10.2025 година ми пишала дека ќе ме побара во прва можна прилика. Таа прилика никогаш не дојде“, вели Катерина Котеска-Стисниовска, адвокатка за семејно право и семејно насилство.

nasha-advokatka-otkri-deka-ja-kontaktirala-makedonkata-chij-soprug-ja-ubi-vo-italija-milena-zoshto-ne-izbega-da-se-spasish-01.jpg

Катерина Котеска-Стисниовска, која работи како адвокат од 2013 година, а е специјализирана за семејно право и семејно насилство, се огласи на својот Фејсбук откако во Пјаченца, Италија, Македонецот Хако Витанов си ја уби сопругата Милена, а потоа се јави во полиција да го признае убиството.

Милена, според адвокатката Котеска-Стисниовска била жртва на семејно насилство, и таа пред неколку месеци пробала да стапи во контакт со Катерина.

Иако адвокатката очекувала повик од Милена, таа никогаш не се јавила, а Катерина со скршено срце и револт, се огласи на Фејсбук.

nasha-advokatka-otkri-deka-ja-kontaktirala-makedonkata-chij-soprug-ja-ubi-vo-italija-milena-zoshto-ne-izbega-da-se-spasish-02.jpgКатерина Котеска-Стисниовска

Во својата порака на Фејсбук напиша:

Срцето ми се скрши...

Жртвата, Македонка во Пјаченца, Италија ме контактирала. Ми пиша и ги бришеше пораките, а јас ѝ оставив телефон да ми се јави кога и да може.

На 05.10.2025 година ми пишала дека ќе ме побара во прва можна прилика. Таа прилика никогаш не дојде.

Зошто драга Милена, не одлучи да избегаш, да го оставиш, да се спасиш??? 

nasha-advokatka-otkri-deka-ja-kontaktirala-makedonkata-chij-soprug-ja-ubi-vo-italija-milena-zoshto-ne-izbega-da-se-spasish-03.jpgМилена Витанова

Душата ѝ била изгорена по смртта на синот кој загинал во сообраќајка, едноставно изгубила желба да се бори.

Но драги жени кои трпите насилство, животот е еден, а вашите деца претрпуваат трауми кои се ненадоместиви.

Насилството ви го уништува здравјето, а траумите на децата нивната иднина.

Апелирам до сите жртви кои во моментот трпат насилство ,да се охрабрат, да тргнат да се спасат. Нема оправдување за семејното насилство! Сите против семејното насилство“.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

И Ксенија Николова објави фотка како се гушка самата себеси како дете: „Ти си најсилна кога е најтеш... „Ксенија, сакам да знаеш дека постои некој кој во една точка од животот сфати мн...
Марија и Бојан од Eye Cue направија свадба, откако открија дека чекаат дете – бремената невеста блес... Пред неколку дена објавија забавно видео и открија дека чекаат дете, а вчера Мар...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
Јелена Спенџарска, Кристина Арнаудова - Познатите Македонци со осуда за однесувањето кон Дара, евров... „Ја навредуваа без крај и без осет, една млада девојка на почеток на кариера, а ...
Бетика од Ресен: „Од 9 години научив да возам трактор, семејно береме сливи, дрвцата ни се како деца... „Возам трактор од мојата 9-та година и благодарение на мојата фамилија со години...
Јелена Спенџарска го посети родното село на баба ѝ: „Куќата кај што се родила уште се ‘држи’ некако“ „Замислете оваа жена до мене тука создавала пријателства, плачела, учела, си игр...

Најчитани неделава