Како изгледале познатите Македонци на матура: Стефан Лазаров немал партнерка, Мики Црнокрак со бели ракавици
Бојана Скендеровски
Во мое време матурските веќе беа скоро како свадба…
Славевме до утрото, а афтерот во школски двор во „Јосип Броз Тито“ беше најинтересен.
Се сеќавам и дека ужасно ме болеа нозете од штиклите.


Александар Белов
Мојата матура беше во 2005 година, а ќе ја паметам по тоа што отидов со повредена нога на прославата.
Месец и пол претходно ја повредив ногата, лигаменти, менискус и бев цело време дома, не одев во училиште.
Бев среќен што го гледам друштвото од средното музичко во Битола, ама и тажен што со нив се гледам за последен пат во ист состав, сите заедно.
И денес се чудам зошто сум избрал да имам црвена комбинација и црвена коса.
Не можев да играм, ама другарите ме натераа да свртам барем едно оро.
Заедно славев и со Мики Секуловски, бевме цимери.

Aлександра Илиевска Пановска
Имам прекрасни сеќавање од прославата која се одржа во хотелот Александар Палас.
Мојот партнер ме зема од дома, каде што имавме мини скромна прослава, па од дома заминавме во хотел.
Се сеќавам, по прослава отидовме на Водно, дружбата продолжи до наутро.
Потоа во 08:00ч се вративме во „Борис“ (Васил Антелвски - Дрен) со блех музика.



Мики Црнокрак
Средно учев во гимназијата „Орце Николов“.
Иако поминаа многу години од матурската прослава (повеќе од 40), тој ден секако не се заборава.
И забавата кај партнерката кога отидов да ја земам и потоа кај нас дома со роднините и пријателите пред да заминеме на главната прослава, која се одржа во хотелот „Континентал“.
Бев облечен во модерен бел костум од тогаш познатиот бутик Мио, со бел шал и бели ракавици на рацете.
Но, не паметам колку останаа бели кога сабајле се вратив дома (ха, ха).


©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
