Се разведува Александар Темелков од „Ѕвездите на Гранд“: „Ќе останеме во пријателски односи поради синот“
- Детали
- среда, 13 мај 2026
„Драги мои фанови, почитувана јавност, ве известувам дека јас и мојата сопруга одлучивме да се разведеме. Едноставно, различни карактери“, напиша Александар Темелков и откри дека ставиле крај на бракот.

Пејачот Александар Темелков, кој стана познат по учеството во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, се разведува од сопругата Сара.

Александар објави заедничка фотографија и преку социјалните мрежи откри дека нивните патишта се разидуваат.

„Драги мои фанови, почитувана јавност. Ве известувам дека јас и мојата сопруга одлучивме да се разведеме.
Едноставно, различни карактери, но ќе останеме во добри пријателски односи заради нашиот син Мите“, напиша тој на Фејсбук.

Александар и Сара се венчаа во јануари 2024 година, а откако стана татко, пејачот постојано објавува фотографии од синот и ја користи секоја пригода да каже колку го обожава.

Повеќе фотографии во продолжение:


