Ѓоко Јовиќ (40) прослави матура на ќерка си, со сопругата и трите сина – Теодора е убавица во црвен фустан
- Детали
- четврток, 14 мај 2026
Да се има 4 деца е вистински благослов, а Ѓоко Јовиќ најдобро го знае тоа. Вокалистот на Energy Bend ѝ прослави матура на својата единствена ќерка. Теодора блесна во црвена креација, а сите останати позираа во црно.

Ѓоко Јовиќ, вокалистот на Energy Bend, со сопругата Ивана е долги години во брак, а заедно имаат 4 деца.

Тие се родители на синовите Михаил, Јован и Дарин, како и ќерката Теодора.

Нивната ќерка сега прослави матура и за таа пригода облече црвен елегантен фустан, додека останатите членови од семејството беа облечени во црно.

Ѓоко, кој потекнува од Валандово, а живее во околината на Скопје, секогаш истакнува дека неговото многудетно семејство му е најголемата инспирација, мотивација и среќа.






