Се омажи сестрата на Нина Ангеловска во Амстердам - со саканиот Вилијан, Нина беше со сопругот и синот (фото)
- Детали
- петок, 15 мај 2026
Помалата сестра на Нина Ангеловска, Марина, блесна во бел костим на регистрацијата со саканиот Вилијан Монев во Холандија. Славеа и на брод, а свадбата ќе биде во јуни во Скопје.

Сестрата на Нина Ангеловска, претседателката на Асоцијацијата за е-трговија, Марина Ангеловска, му кажа „да“ на својот сакан на церемонија во Холандија.


Нејзиниот избраник e Вилијан Монев, а Марина веќе извесен период оваа држава ја нарекува свој дом.

Парот живее во Амстердам.
Нина беше со сопругот, урологот д-р Виктор Станков, и нивниот син. Тројцата беа облечени во крем-сино.

Марина блесна во бел костим, прославата продолжи и на бротче на каналите во Амстердам.

Инаку, станува збор за региистрација, а свадбата ќе биде во јуни во Скопје.
