Јелена Спенџарска, Кристина Арнаудова - Познатите Македонци со осуда за однесувањето кон Дара, евровизиската победничка
- Детали
- понеделник, 18 мај 2026
„Ја навредуваа без крај и без осет, една млада девојка на почеток на кариера, а они ја уништуваат психички на секое можно ниво! А ова да ви е лекција на сите, Дара ви покажа како се издигнуваш над ПРОСТАТА МАСА и ПОБЕДУВАШ“, емотивно вели Кристина Арнаудова. Кои други наши познати личности испратија апел против хејтот кон Дара, но и кон сите?

На финалето на Евровизија се случи неочекуван пресврт, кога при крајот на гласањето, претставничката на Бугарија доби 204 поени од жирито и уште 312 поени од публиката, кои беа пресудни за да го симне Израел од престолот.

Бугарката Дара заслужено ја освои победата со песната „Bangaranga“, а во неделата беше пречекана како хероина на аеродромот во Софија.

Јелена Спенџарска
„Бугарија ја спаси ЕВРОВИЗИЈА од тотален колапс! Сосема заслужено за оваа девојка, која доживеа невиден хејт од сопствената земја кога ја одбраа да биде претставничка на изборот, буквално беше мета на потсмев од самиот почеток.
Замислете ИЗРАЕЛ да победеше?
Таа омразата ја трансформираше, беше харизматична, весела, забавна, елоквентна во секоја своја изјава, допре до срцата на цела Европа и им однесе победа на своите дома ШТО НИКОГАШ ДОСЕГА НЕ СЕ СЛУЧИЛО!
Ова е прва победа за Бугарија на овој музички натпревар и едвај чекам денеска да гледам бугарски телевизии и читам по портали како се гордеат со Дара.
Сосема заслужено, јас се радувам како ние да сме победиле!“


Кристина Арнаудова
„Има еден муабет за Дара и нејзиното учество. Толку била нападната од бугарската јавност што девојката буквално се повлекла и не сакала да учествува.
Познато ви е од некаде?? Ја навредуваа без крај и без осет, една млада девојка на почеток на кариера, а они ја уништуваат психички на секое можно ниво! Својата Бугарска Дара!!
Познато ви е однекаде??
Но, Дара се врати, и Дара им покажа како се победува.
А ова да ви е лекција на сите, Дара ви покажа како се издигнуваш над ПРОСТАТА МАСА, и ПОБЕДУВАШ!!!“

