Јелена Спенџарска, Кристина Арнаудова - Познатите Македонци со осуда за однесувањето кон Дара, евровизиската победничка
Ксенија Николова
„А победата на Бугарија симболизира уште нешто многу важно.
Нејзината земја се сомневала во нејзиниот потенцијал и талент, откако била избрана, таа била мета на низа негативни хејт коментари и во еден момент сакала да се повлече, ама ете, дојде, виде и победи.
Затоа другари, кога најмногу ве газат, само гас и напред, зашто вашето ќе си дојде и истите тие што денес плукаат, утре ќе ве слават“.

Игор Трајковски, од македонскиот евровизискиот клуб на фанови
„Добро е што Бугарија победи на Евровизија, сите ги остави изненадени.
Фала богу, кладилниците не ни предвидоа кој ќе победи уште два месеци однапред и пред да се знаат песните од сите земји.
Позитивен знак е дека гласовите од жирито и публиката не се во толкав расчекор како што беше години наназад, па теориите дека жирито ги мести гласовите за да ги потисне гласовите на публиката сега не важат.
Да се надеваме дека промените во составот на жиријата вродиле со плод - двајца мора да се на возраст од 18-25 години, па ги скоцкале да бидат колку-толку во тек со времето. Ќе видиме како ќе се развива ситуацијата наредниве години.
Инаку, ви се свиѓала песната или не, а Евровизија одамна не е само мелодиски фестивал, туку натпревар помеѓу комплетни настапи, Бугарија си победи “fair and square” (чесно).
Без некоја не знам каква промоција, без некоја најавувана помпа, си се појавија на сцена и направија растур.
Бугарија секогаш одела на Евровизија со сериозно осмислен концепт и тимот професионално си ја вршел работата, без оглед на финалниот пласман. Инаку, сѐ уште мислам дека пред точно 10 години незаслужено завршија (само) четврти, па победава годинава му дојде како реванш.
До идната година во Софија!“


С. С. | Црнобело