Елена Најдоски ужива со сопругот во Пуља - На вечера во ресторан со Мишелин ѕвезда, марама Dior, јахта
- Детали
- вторник, 02 јуни 2026
Од марама Dior во комбинација со бели очила и мини фустан за пловидбата со јахта, преку сексапилен фустан од тантела дополнет со Dior чанта, до розов фустан и чанта Jackuemus... Елена Најдоски едноставно блеска.

Елена Најдоски, каде и да се појави, привлекува внимание со беспрекорниот изглед и моден стил.
Така е и овој пат, при посетата на Италија, каде што е со сопругот Бојан.

Парот ужива во прекрасниот регион Пуља, во монденското гратче Полињано а Маре.

А оттаму Елена веќе сподели неколку фотографии и видеа - од прошетка низ градот, вечера во ресторан со Мишелин ѕвезда, каде што била воодушевена и од храната и од услугата, па и самата го оцени со чиста десетка, но и од пловидбата со јахта околу италијанското крајбрежје.

И за сето ова време, Елена доминира со стилот. Од марама Dior во комбинација со бели очила и мини фустан за пловидбата со јахта, преку сексапилен фустан од тантела дополнет со Dior чанта, до розов фустан и чанта Jackuemus... таа едноставно блеска.

„Living la dolce vita in Polignano a Mare (Живееме убав живот во Полињано а Маре)“, напиша таа на Инстаграм, каде што доби комплименти за изгледот.
Погледнете ги фотографиите:


