Виктор од Скопје ја запроси Адријана во Равело: „Од неразделни пријатели до љубов - дизајнирал прстен за мене“

Во тој момент сфатив дека не се работи само за едно запросување, туку за човек кој навистина слуша, памети и се труди да ги направи среќни луѓето што ги сака.
Во таа вечер не се вљубив повеќе во Виктор – само уште еднаш се потсетив зошто го избрав токму него.
Имав чувство дека истовремено ми поминуваат низ глава сите мигови што сме ги поминале заедно и сите спомени што сме ги создале.
Бев пресреќна, возбудена и благодарна во исто време.
Најинтересно е што прстенот всушност цело време бил со мене, а јас воопшто не сум била свесна за тоа.
Виктор смислил навистина интересен план. Прстенот бил сокриен во мала патна кутија за часовници.

Ми кажа дека не сака да ги остава часовниците во хотелската соба бидејќи му се вредни и дека ќе ги носиме со нас. Бидејќи јас носев голема чанта, таа кутија цело време беше кај мене, а притоа немав ни најмала претстава што всушност носам во неа.
Можеби најубавиот дел од цела вечер беше кога почнавме да им се јавуваме на нашите најблиски – фамилиите, а потоа и пријателите.

Да ја слушнеш нивната среќа, возбудата во нивните гласови и да видиш колку искрено се радуваат за вас е чувство што тешко се опишува.
Во тие моменти сфатив дека среќата навистина се множи кога ја делиш со луѓето што ги сакаш.

Сѐ уште уживаме во периодот на свршувачката и во убавите емоции од запросувањето.
Секако дека размислуваме за свадба и веќе имаме некои идеи, но засега сме фокусирани на тоа да го прославиме овој посебен период во нашите животи“.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело