Тон емоции: Семејството на загинатото дете од кумановско го посети момчето кое му посвети гол – му ја подарија неговата фудбалска топка

Млад фудбалер од кумановско му посвети гол на 13-годишниот Аган Асани кој минатата недела трагично го загуби животот. Сега, семејството на загинатото дете покажа благодарност за гестот со тоа што му ја подари неговата фудбалска топка на која беа испишани зборовите „Секој твој гол нека биде насмевка за Аган Асани“.

ton-emocii-semejstvoto-na-zaginatoto-dete-od-kumanovsko-go-poseti-momcheto-koe-mu-posveti-gol-mu-ja-podarija-negovata-fudbalska-topka-01.jpg

Минатата недела, 13-годишниот Аган Асани од селото Черкези кумановско загина во сообраќајна несреќа.

Малиот Аган Асани бил дел од фудбалскиот клуб ФК Милано Куманово, а друг клуб од истиот град – ФК Куманово Еуроспорт – изрази сочувство со објава на Фејсбук.

„ФК Куманово Еуроспорт изразува најискрено сочувство до семејството на младиот фудбалер, член на ФК Милано Куманово, кој прерано го загуби животот.

Упатуваме искрено сочувство и до неговиот клуб, соиграчите, другарите и сите што го познава и ценеа.

Во овие тешко моменти нашите мисли и молитви се со неговото семејство и најблиските“.

Кратко по трагедијата, млад фудбалер од клубот му посветил гол на загинатиот Аган Асани.

Фудбалерот Давид Докмановиќ потекнува од селото Умин Дол, кое се наоѓа во близина на Черкези.

Трогнати од неговата постапка, семејството на Аган решило да го посети Давид и да направи гест што сме сигурни дека ќе ве направи емотивни - му ја подарија фудбалската топка на Аган.

ton-emocii-semejstvoto-na-zaginatoto-dete-od-kumanovsko-go-poseti-momcheto-koe-mu-posveti-gol-mu-ja-po.JPG

Емотивниот момент е овековечен на видео кое веќе се споделува вирално.

Се гледа како десетина луѓе се поздравуваат со младиот фудбалер, а некои и цврсто го прегрнуваат.

Кога двете семејства се собираат во дворот, член на семејството на Аган, му приоѓа на Давид и му ја дава фудбалската топка.

„Давид ова е топката на Аган… Ние се одлучивме оваа топка на тебе да ти ја подариме“, вели во видеото.

ton-emocii-semejstvoto-na-zaginatoto-dete-od-kumanovsko-go-poseti-momcheto-koe-mu-posveti-gol-mu-ja-.JPG

На топката се испишани и зборовите „Секој твој гол нека биде насмевка за Аган Асани“.

ton-emocii-semejstvoto-na-zaginatoto-dete-od-kumanovsko-go-poseti-momcheto-koe-mu-posveti-gol-mu-ja-_2.JPG

Потоа таткото на Давид раскажува што се случило. Вели, Давид под дресот облекло маица на која е испишано името на Аган, но никој не знаел за ова.

Како што го дал голот, Давид само го кренал дресот и ја покажал маицата што ја облекол во чест на Аган.

Погледнете го емотивното видео:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мартин (36) од Скопје: „Роднина на улица ме праша дали сум се средил - Не, не се оженив и немам деца... „Како си ти, се среди ли?“ - Ова беше прашањето што го добив завчера од еден чов...
Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...
Елвир Мекиќ: „Бев фан на Магија, со 57-ца стигнав во Радишани и заѕвонив на врата кај Јован за да ми... „Тогаш првпат во животот отидов во Радишани. Прашав каде живее Јован и ми ја пок...
По скандалот со фудбалерите, осуда и стихови за убавата Битола: „Неа да ја засакаш и во неа лудо да ... „Еднаш од сабајле да излезиш, кафе на тој сокак волшебен да испиеш, ќе те магепс...
Дарко Влогс: „Првата сопруга ме тепаше, изневеруваше, се дрогираше и мене животот ми беше уништен“ Се запознале на брод, каде што Дарко работел, а таа била гостинка, потоа се допи...
Марио ја запроси Ивана од Куманово на крузер на пат кон Ибица - на стаклен мост како од филм (фото) „За запросувањето се подготвував речиси 2 месеци, затоа што сакав сè да биде пос...

Најчитани неделава