Го криеше со шминка окото со јачмен, Сергеј легнат ѝ фрла урок - Тамара сподели анегдоти од снимањето на новиот спот
„Во текот на снимањето имаше многу интересни моменти, многу смеа, позитивна енергија...
А како би било поинаку кога со тебе ги имаш Сергеј, Мартин и супер екипата на Генц, а тука е и Коста Петров, кој треба да ве врати во колосек и во реалноста.

Хмм, поконкретна анегдота, освен таа со јачменот немаше, но имаше моменти како на пример, ние снимаме, треба да сме најсериозни, а го имаш спружен Сергеј пред тебе, како те гледа и ти пушта „урок“ (ха, ха).

Но, би сакала да спомнам еден малку посериозен момент, кој ми ја враќа вербата во луѓето, но и генерално во професионалноста како вредност која мора повеќе да ја има во сите професии.
Имено, токму додека го снимавме спотот за „Драма квин“, пробуваме неколку пати, јас и двете девојки од танцовото студио „Еурека“ што ме придружуваа.
Тие ја подготвија кореографијата, вежбавме и пред снимањето на спотот, но за време на сетот за „Драма квин“, на Ања од „Еурека“ сериозно ѝ се слошува, не ѝ беше добро.

Јас не знаев, не можев ништо да приметам, ниту пак поширокиот мој тим...
Ања облечена во костим, со шминка, на штикли, како ништо да не ѝ е, а гори од температура.
Кога сите кои бевме присутни забележавме ѝ кажавме на Ања да оди дома, да одмори. Девојката не сакаше да слушне!
Се повлече малку на страна и по извесно време се врати: „Дечки, I'm back, ајде да работиме“ и со нас беше и во текот на следните денови.

Не знам дали е ова лудост или професионалност, но е една голема љубов од нејзина страна кон професијата, уметноста, кон мене и мојот тим.
Денес многу луѓе кои се совршено здрави и ти глумат блиски, ќе ти кажат „не ми е добро“ и ќе ти свртат грб.
Соработници, професионалци ќе ти потврдат дека сè уште има луѓе: лојални, силни и посветени...
Токму овие вредности и особини провејуваат и во другите песни од целиот музички проект „Кукла жива“, ни раскажа Тамара.
Погледнете го спотот за „Драма квин“:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело