Слаткар изненади ученици на приредба во Ново Лисиче - се појави кога почнаа да пеат негови песни (видео)

„Имав чест и огромно задоволство да се појавам како изненадување на завршната приредба во ООУ „Александар Македонски“ во Ново Лисиче. Кога мојот пријател Александар Темелковски ми кажа дека децата подготвуваат настап со мои песни, не размислував ни секунда - со срце ја прифатив поканата“, вели Слаткар и ги стопи срцата на многу дечиња.

slatkar-iznenadi-uchenici-na-priredba-vo-novo-lisiche-se-pojavi-koga-pochnaa-da-peat-negovi-pesni-video-01.jpg

Марко Маринковиќ Слаткар, е човек со големо срце, особено кога се во прашање децата.

Тоа го покажа и денеска, кога се појави на завршната приредба на училиште во населбата во која растеше, Ново Лисиче, без тие да знаат.

Децата спремале приредба со негови песни, а излегувањето на Слаткар пред нив, им беше огромна радост.

slatkar-iznenadi-uchenici-na-priredba-vo-novo-lisiche-se-pojavi-koga-pochnaa-da-peat-negovi-pesni-video-02.jpg

Тој пак објави видео на Инстаграм, и напиша:

„Имав чест и огромно задоволство да се појавам како изненадување на завршната приредба во ООУ „Александар Македонски“ во Ново Лисиче.

На покана од мојот пријател, соработник и колега Александар Темелковски, кој ми кажа дека децата подготвуваат настап со мои песни, не размислував ни секунда - со срце ја прифатив поканата.

Заедно пеевме, се смеевме и создадовме спомен што ќе го носам долго во себе.

На сите овие прекрасни деца им посакувам среќен пат низ животот. Чувајте ја детската искреност, верувајте во себе и никогаш не престанувајте да сонувате.

Ви благодарам за љубовта, енергијата и прегратката што ми ја подаривте денес“.

slatkar-iznenadi-uchenici-na-priredba-vo-novo-lisiche-se-pojavi-koga-pochnaa-da-peat-negovi-pesni-video-03.jpg

Кликнете и погледнете го видеото:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Слаткар со солзи во очи, брутално искрен: „Не сакам син ми Моша да пелтечи“ (видео) На прашањето дали има нешто што не успеал да го каже на покојниот татко, одговор...
Слаткар брутално искрен: „Велеа дека сум наркоман поради говорната маана, а јас бев среќен што не зб... „Добро е, нека зборат дека сум наркоман, само да не зборат дека д’ткам. Замисли ...
Александар Динев ја покажа куќата во с. Балинци каде израснал: „Немавме тоалет внатре, многу сакав с... Кога влезе во детската соба, каде што почнал да ги снима првите видеа за ТикТок,...
Александар Митевски за спортската химна од Тоше: „Дојде од пат уморен, ја отпеа од прва и му се напр... „Токму денеска пред 18 години се роди песната „Македонија навива за вас“. Мелоди...
Александар Јосифовски, кој се прослави во Ѕвездите на Гранд, објави први фотки од ќерката - по разво... Нашиот рокер се разведе по 8 години брак, па убавата Србинка Ана му го освои срц...
Астрологот Зоран Крстевски: „Станав самохран татко кога децата имаа 3 и 6 години, се видов во наталн... „Кога седнавме да ѝ ја направам наталната карта, се видов себеси во неа. Анализи...

Најчитани неделава