Стефан Лазаров среде скандал, по реновирањето на дом: „Пред 4 години на истото семејство му го реновирале станот“

 „Ајде сега за лошиот дел од кој ми се гади секогаш кога правам хуманитарни акции. Да, точно е дека пред 4 години на истото семејство им се случува да им се реновира станот, а потоа тие го продаваат поради постари долгови од татко му. Сосетката што живее на истата улица секој ден ми праќа дека биле нелуѓе, вакви биле, такви биле, зошто? И земавме нешто, она помогна, беше вклучена во нешто?“, револтирано се огласи Стефан Лазаров на Фејсбук за ситуација со семејството кое доби реновиран дом на Лазаров награди 2026.

stefan-lazarov-srede-skandal-po-renoviranjeto-na-dom-pred-4-godini-na-istoto-semejstvo-mu-go-renovirale-stanot-01.jpg

На 03.06 втора година по ред се одржаа „Лазаров наградите“ во раскошниот амбиент на Ресторан Парк by Ragusa Group во Скопје.

Емотивната кулминација на вечерта беше кога сите го гледавме 4-минутното видео од реновирањето на куќата на 4-члено семејство од ранливите категории.

Стефан Лазаров со помош на Мандар и Димитар Атанасовски, кој беше дел од целиот проект и многу пати го видовме на сцената во улога на водител, го оствари сонот на ова семејство - од руинирана куќа до современо уреден дом.

Куќата е во Куманово, а луѓето веќе се вселиле, на еден ден пред манифестацијата.

Реакцијата на семејството беше презентирана на неговиот Јутјуб канал во неделата.

„Менуваме животи“ е мотото на Лазаров и за ова семејство од Куманово, тој навистина успеа да направи промена.

stefan-lazarov-srede-skandal-po-renoviranjeto-na-dom-pred-4-godini-na-istoto-semejstvo-mu-go-renovirale-stanot-001.jpg

Сепак, сега тој се најде среде скандал, откако протече информацијата дека на ова семејство претходниот дом му бил реновиран ѝ пред 4 години.

Дури и нивна сосетка испраќала апели до Лазаров.

Стефан се огласи за целата ситуација:

 „Ајде сега за лошиот дел од кој ми се гади секогаш кога правам хуманитарни акции.

Да, точно е дека пред 4 години на истото семејство им се случува да им се реновира станот, а потоа тие го продаваат поради постари долгови од татко му.

Со дел од парите ја купуваат куќичата и живеат во мизерни услови. Така ја знаеме приказната од страна на Бране и Тања, така ни кажаа.

Моментот со тоа дека веќе еднаш им се случило да им помогнат го дознаваме 10 дена откако веќе почнавме со куќата, а искрено и да знаевме пред да почнеме апсолутно ништо немаше да смени.

Се јавивме во здруженија во Куманово што се бават со помаѓање на лица на кои што им е потребно и ни беше предложено ова семејство. Видовме како живеат и одлучивме да им помогнеме.

Не повикавме на донации ни на било каква помош од вас како народ затоа што знаев дека колку и да правиш нешто добро пак на крај ќе ти го бројат џебот па дури и крив ќе те направат.

Ете нивна среќа во животот втор пат да добијат, што тоа толку вас ве тангира? Зошто сте бе луѓе вакви?? Јас тие луѓе не ги познавам, сум ги запознал пред да почнеме и сум кажал океј тука правиме добро дело. Што ќе прават понатаму едноставно нивно си е.

Комшивката што живее на истата улица секој ден ми праќа дека биле нелуѓе, вакви биле, такви биле , зошто??? И земавме нешто , она помогна, беше вклучена во нешто??

Замислете вчера ми праќа видеа со: ЕВЕ ГЛЕДАЈ ПОЧНА ПРОДАЖБАТА - за да ги понижи луѓето.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров: „Сакам да ме гледаат како лик кој немал ништо во животот и создал сè сам во својата ... „Некој ќе каже во Македонија сме такви (критикуваме). Не, не, секаде е така. Дур...
Стефан Лазаров и сопругата направија откривање на полот на детето - со торта на плажа (видео) Се прегнуваат и бакнуваат на плажа, откако открија кој пол е нивното бебенце. Ст...
Стефан Лазаров ќе стане татко, за CRNOBELO открива: „Дознавме во 7-ма недела“ „Со Марта заедно се јавивме на нашите - требаше да ви ги снимиме реакциите за да...
Стефан oд Прилеп ја запроси саканата Милена во Холандија - по ноќна смена, без ниту час сон (фото) Стефан oд Прилеп, живее со Милена во Германија, а ја запроси на патување во Хола...
Скандал во Ѕвездите на Гранд: Вики Миљковиќ тврди дека македонски натпреварувач ја обвинил за барање... „Кандидат во јавноста изнесе тврдења дека наводно сум побарала мито од него, што...
Стефан Лазаров: „Синот ќе се вика Лука, уште немаме купено ништо за бебето“ „Оставивме собата за Лука да си ја направиме Марта и јас, со помош и од нашите р...

Најчитани неделава