Вики Чадиковска сподели случка со синот, Панчо и Андреј и апел по потегот на Перо Антиќ: „Такви беа - едноставни и прекрасни луѓе“
- Детали
- вторник, 09 јуни 2026
„Панчо и Андреј секогаш беа подготвени да измамат насмевка и да направат некого среќен...“, вели Вики Чадиковска и споделува случка со синот, а сега го пофали Перо Антиќ за хуманиот потег со синот на Панчо: „Голем аплауз за него. Ова го пишувам искрено револтирана од коментарите на луѓе, кои наместо да препознаат добрина и човечност, избираат да шират омраза...“

Новинарката Вики Чадиковска отсекогаш јавно зборува на разни теми, а сега среде негативни коментари за едно прекрасно дело, испрати моќна порака дека треба повеќе да ги цениме добрите и хумани дела, наместо да кажуваме зборови полни омраза.

Таа се потсети и на хуманоста на Панчо и Андеј од ДНК и сподели случка со нејзиниот син, кој им бил огромен обожавател.
фото: Стефан Рајхл
Вики на својот Фејсбук профил сподели:
„Син ми е роден во јули (29-ти), на истиот ден како Панчо и Перо Антиќ.
Пред неколку години, бидејќи беше голем обожавател на ДНК, ги замолив да му приредат мало роденденско изненадување. Панчо и Андреј без ниеден момент двоумење, прифатија.
Такви беа тие, едноставни и прекрасни луѓе, секогаш подготвени да измамат насмевка и да направат некого среќен.

Истото човештво и големина деновиве ги покажа и Перо, со поддршката што му ја даде на синот на Панчо за полуматура.
Ова го пишувам искрено револтирана од коментарите на луѓе кои, наместо да препознаат добрина и човечност, избираат да шират омраза и навреди дури и под објави што носат искрена поддршка и љубов.

Понекогаш навистина нема потреба да се коментира. Особено ако вашиот коментар е злобен. Понекогаш е доволно да се покаже малку почит, емпатија и само малку човечност.
Наместо хејт, пробајте да направите добро дело. За промена. На сите ни недостига повеќе добрина, а токму таа е енергијата што ѝ е најпотребна на оваа наша напатена Македонија.
фото: Стефан Рајхл
За Перо голем аплауз, за синот на Панчо честитки за полуматура и многу љубов“.
С. С. | Црнобело