„Медена“ - Ана Костадиновска прослави полуматура на ќерката Марта, која го изгуби таткото на 11 години
- Детали
- среда, 10 јуни 2026
Нејзината наследничка е нејзиниот мотив за среќа, по сите животни бури и трагедии. Ана минатата година ги изгуби колегите од ДНК, а во 2022-ра го изгуби сопругот. Но, вели пресреќна е што имала привилегија да има 15 години живот полн љубов со него.

Ана Костадиновска, придружниот вокал на ДНК и професорка во ДМБУЦ „Илија Николовски- Луј“, на својата наследничка ѝ прослави полуматура, а на својот Фејсбук профил објави фотографии од овој убав миг.


Нејзината ќерка е плод на 15 години љубов и заедништво, но за жал Ана го изгуби својот сопруг и татко на нејзината ќерка прерано, во 2022-ра година по кратко боледување.


Сепак, таа вели дека имала привилегија 15 години да живее во љубов, слога и мир со прекрасен човек и совршен татко, а нејзината ќерка имала 11 прекрасни години со него.

Ана не дозволува споменот за него да исчезне, а таа останува силна и по сите животни бури и трагедии.


„Нашата медена полуматурантка“, напиша Ана во описот на фотографиите од својата наследничка.



Уште една постара фотографија со ќерката:

С. С. | Црнобело