Германскиот ракометар Кристијан Дисингер направи филмска свадба во Тоскана со струмичанката Марија - Некст Тајм меѓу гостите
- Детали
- среда, 17 јуни 2026
Марија Андоновска од Струмица ја имаше својата свадбена церемонија од соништата, среде магичната Тоскана, 3 години откако потпиша граѓански брак со Кристијан Дисингер. Во камена вила, со вел кој се влече зад неа и гости кои блескаа со оскаровски гламур, сијалички и детали обоени во бордо, парот приреди филмска свадба.

Кристијан Дисингер е германски ракометар кој додека играше за нашиот ракометен клуб РК Вардар и живееше во Македонија се вљуби во убавата Марија Андоновска. Марија потекнува од Струмица и по професија е архитект.

По околу 3 години врска, во јуни 2022 на нивниот одмор во Ханиоти, Грција, тој ја запроси токму на нејзиниот роденден, а на 23.06.2023 парот стапи во граѓански брак.

Марија тогаш носеше кратко бело фустанче, а кум им беше рускиот ракометар Тимур Дибиров.
2023-та година
Нејзината сестра близначка Душица Андоновска е во брак со хрватскиот ракометар Игор Карачиќ, исто така некогашен играч на Вардар.
Свадбата на Душица и Игор во 2022-ра година
Сестрите на денот на свадбата на Марија и Кристијан го славеа и својот роденден.

Но, сега дојде време за Кристијан и Марија, 3 години по потпишувањето во матично да направат прекрасна свадбена прослава во Тоскана.

На ова магично место во Италија, во вила која е како сцена од бајките, тие 3 дена ја славеа својата љубов. Главната церемонија се случи на 15-ти јуни.
На свадбата, според актуелните свадбени трендови, имаше бордо детали и хит тортата со шумско овошје.

Невестата ја видовме во кусо бело фустанче, но и во долга раскошна венчаница со вел кој се влече зад неа. Младоженецот се одлучи за елегантен црн костум.

