Марија од Кичево живее во Хрватска и направи прв роденден за ќерката со тема лаванда: „Приказната зад ова е емотивна за нас“
Бидејќи меѓу гостите ни беше нашето потесно семејство кое допатува специјално од Македонија, но и прекрасни пријатели кои ги стекнавме тука во Хрватска, сакавме и храната да биде симбол на тоа заедништво.
Направивме одличен спој: имаше традиционално балканско мени, но и свежа морска храна во истарски стил, со незаменливиот истарски пршут.

Сè беше смислено до најситен детал, па дури и десертите ја следеа приказната. Јас и мајка ми лично ги подготвувавме и декориравме слатките, во кои доминираа освежителни вкусови на лимон, кои совршено се вклопија во летниот, приморски амбиент.

Прославата помина во преубава, опуштена и топла атмосфера. Георгина беше навистина прекрасно расположена во текот на целиот ден – беше љубопитна и се радуваше на сè.
Малку се вознемири дури на самиот крај, што е сосема нормално бидејќи обично си легнува рано, околу 19:30 часот, а овој пат со славењето издржа дури до 20:30 - 21:00 часот.
За нас како родители, ова беше момент исполнет со премногу емоции, бидејќи првата година прелета како на филмска лента, а срцето ни беше преполно што ја славиме опкружени со толку љубов.

За овој посебен ден, секако, се погриживме и за нашиот семеен стајлинг кој го планиравме однапред.
Бевме модно усогласени во беж, бела и златна нијанса, додека јас и Георгина носевме виолетови долги и раскошни фустани кои совршено се вклопија во лаванда-приказната на декорацијата.

Исто така, за гостите имавме нагласено дрес-код кој бараше елеганција, па така целиот амбиент изгледаше визуелно усогласен, прекрасен и ни останаа преубави семејни фотографии како спомен за цел живот“.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
М. М. | Црнобело