На одмор со Моника и ракометарот Филип Кузмановски: „Во 3-иот триместар од бременоста сум и со мало дете, затоа бевме на втор крак“
- Детали
- петок, 26 јуни 2026
„Со Филип отсекогаш уживаме во мирни одмори. Нашето секојдневие е динамично и исполнето со обврски, па затоа одморот го користиме за да забавиме и да поминеме квалитетно време како семејство“, вели за CRNOBELO.com Моника Кузмановска, сопругата на ракометарот Филип Кузмановски, за одморот со синот Матијан (2).

Моника Кузмановска од Велес и нашиот ракометар Филип Кузмановски од Битола на 1-ви јули 2022 ја овековечија својата љубовна приказна со прекрасна свадбена церемонија во Скопје.
Потоа го добија синот Матијан, а сега повторно очекуваат принова.
Парот годинава го избра вториот крак во Грција како дестинација за одмор.

Моника за CRNOBELO.com споделува:
„Со Филип отсекогаш уживаме во мирни одмори.
Нашето секојдневие е динамично и исполнето со обврски, па затоа одморот го користиме за да забавиме, да поминеме квалитетно време како семејство и да создадеме убави спомени, посебно од кога го имаме Матијан.

Ова лето за нас е малку поинакво и уште попосебно, бидејќи го поминувам во третиот триместар од бременоста.

Кога патувате бремени, а истовремено имате и дете помало од две години, најважни стануваат удобноста, безбедноста и пократкото патување.

Токму затоа се одлучивме за вториот крак на Халкидики – дестинација која е доволно блиску за да не претставува напор, а нуди сè што му е потребно на едно семејство.

Песочните плажи, плиткото и чисто море се совршени за најмалите, а мирната атмосфера ни овозможува вистински да се одмориме и да собереме сили, Филип за нова сезона, а јас за нови животни предизвици, и новата улога која со нетрпение ја очекуваме и двајцата“.


С. С. | Црнобело