Љупка Митрова: „Фустанот тежи 20kg, уште имам модрица од него - меѓу градите чував пакетче со мастики“
- Детали
- петок, 26 јуни 2026
„Си викам кај ќе ги ставам мастиките, немам ташна, немам телефон. Го гледам деколтето и си ги пикнав внатре“ - вели Љупка Митрова, која носеше прекрасна креација со кристали на својата модна ревија „Гола меморија“.

Модната дизајнерка и инфлуенсерка, Љупка Митрова, пред неколку дена ја воодушеви јавноста со сребрениот фустан со кристали кој го носеше на својата прва ревија во Скопје, наречена „Гола меморија“.
Кога се појави пред публиката, таа блескаше под светлата на рефлекторите.

Фустанот ја следеше нејзината линија на телото и ги нагласи нејзините облини, додека во делот кај градите беше отворен во вид на корсет.
Сето ова го дополни со црни сандали на висока потпетица и впечатлив ѓердан од кристали, кој се спушташе до градите.

Таа не носеше чанта, па во гостувањето во емисијата „Урок“ со Сергеј Варошлија, каде што ја коментираа ревијата, но и нејзиниот фустан, па таа призна дека во деколтето, меѓу градите, си скрила пакетче со мастики.
Сергеј среде емисија ѝ пушти видео на кое се гледа како тие разговараат и додека се задлабочени во разговорот, таа од меѓу градите ги вади мастиките и зема една.

„Голема беше дискусијата помеѓу мене и тебе, што ти да облечеш за крај. Во мојата глава, ‘Гола меморија’ асоцираше на тоа дека ти треба да си гола, не на класичен начин, но јас сакав ти да изгледаш нереално.
Во мојата глава беше дека нешто треба да светка“, ѝ вели Сергеј.

Љупка, пак, призна дека на почетокот не била многу воодушевена од оваа идеја.
„Не ми изгледаше атрактивно зашто јас веќе сум работела со тој материјал и затоа што е нешто што јас сум го носела како материјал.
А сакам да експериментирам и сакам нови материјали.
Јас го гледав фустанот додека ме шминкаа и го гледав само како фустан, толку.
