Столе Димитриевски и саканата Ирина направија бајковита свадба во Скопје, по интимната венчавка во Шпанија (фото)
- Детали
- сабота, 27 јуни 2026
Вчера голманот на фудбалската репрезентација на Македонија и неговата сакана Ирина направија свадба во винаријата Камник, а направија и црковна венчавка во Соборниот храм. Пред неколку месеци, тие ја крунисаа љубовта со интимна церемонија во Шпанија.

Голманот на фудбалската репрезентација на Македонија, Столе Димитриевски, и саканата Ирина Јанкуловска вчера (26.06) направија раскошна свадба.
По интимната венчавка во Шпанија од минатата година, сега тие прославија во винаријата Камник, а направија и црковна венчавка во Соборниот храм.

Столе, кој веќе е препознатлив по модниот стил, носеше костум со бело сако и црни панталони.
Ирина, пак блесна во венчаница со широко здолниште и корсет, во комбинација со елегантни ракавици од тантела.

Потоа, за време на прославата во Камник, Ирина и Столе го променија аутфитот.
Голманот облече црн костум, а Ирина носеше долг светкав фустан со длабоко деколте.

Столе ја запроси Ирина во јули минатата година по една и пол година врска.
Претходно, за CRNOBELO.com, Столе откри дека Ирина го освоила со својата оригиналност. Тој, пак, летал од Мадрид до Лисабон за да отиде на прв состанок со неа.
Повеќе фотографии од волшебната свадба во продолжение:

