„Најзгодна“ - Една од најатрактивните Македонки во минималистички бикини на плажа во Грција поттикна лавина реакции
- Детали
- недела, 12 јули 2026
Се редат комплименти под фотките од Грција на кои нашиот модел Бојана Нушкова самоуверено позира. Таа сними и видео на кое покажува во колку добра форма е. Со право го носи епитетот една од најзгодните Македонки...

Бојана Нушкова е наша, а светска, a манекенската кариера ја започна уште на млади години. Taa дефинитивно е една од најубавите и најфит Македонки на Инстаграм.

Таа е ослободена од стереотипите и на социјалните мрежи редовно објавува фотки од модните ангажмани, но и од приватниот живот.

Долгоногата убавица нема проблем да се разголи и своето фит тело да го покаже во долна облека или во минималистички бикини.

Деновиве таа објавува фотки од нејзиниот летен одмор во Грција, каде позира на плажа и уште еднаш покажа дека има тело на кое многумина би завидувале.
Дел од коментарите на нејзините фотки се: „Најзгодна“, „Каква форма“ итн.







