Тројца македонски ракометари клекнаа на колено викендов - Три романтични запросувања на плажа (фото)

Ракометарите Иван Џонов, Мартин Серафимов и Дејан Кукуловски, изминатиов викенд клекнаа на колено и ги запросија своите девојки, на романтични локации покрај вода.

trojca-makedonski-rakometari-kleknaa-na-koleno-vikendov-tri-romantichni-zaprosuvanja-na-plazha-01.jpg

Летото е како создадено за љубов и убави моменти, а некои парови токму тогаш го започнуваат своето „засекогаш заедно“ - со запросување.

Токму тоа викендов го направија и тројца наши ракометари, кои ги запросија своите девојки - тројцата на плажа.

Дека ја запросил својата сакана, прв откри репрезентативецoт Мартин Серафимов.

Тој ја побара за сопруга некогашната ракометарка Јана Калајџиевска, на плажа во Грција, а потоа на Инстаграм објави фотка дека таа кажала „Да“.

trojca-makedonski-rakometari-kleknaa-na-koleno-vikendov-tri-romantichni-zaprosuvanja-na-plazha-03.jpg

Брзо потоа и репрезентативецот Иван Џонов клекна на колено пред саканата Марија Димитровска.

Играчот на „Алкалоид“, исто така, клекна на колено на плажа, а потоа со Марија објавија неколку романтични фотографии од запросувањето.

trojca-makedonski-rakometari-kleknaa-na-koleno-vikendov-tri-romantichni-zaprosuvanja-na-plazha-04.jpg

И Дејан Кукуловски, младиот ракометар на „Ресен“ ја побара за сопруга саканата Анастасија Бошнакоска.

Тој извади прстен на плажа и ја изненади, а потоа парот ги објави фотографиите на социјалните мрежи.

trojca-makedonski-rakometari-kleknaa-na-koleno-vikendov-tri-romantichni-zaprosuvanja-na-plazha-02.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонски психолог за маките на клиентите кои се отселиле од Македонија: „Им недостигаат луѓе, глас... „Овој пост е инспириран од моите клиенти кои повеќе не живеат во Македонија. Сел...
Иван Јованов на одмор со ќеркичката, Лара Иванова згодна на плажа - Што прават македонските ѕвезди д... Антониа Гиговска сподели нови, жешки фотки од снимањето на спотот за последната ...
Летното сметање на времето почнува викендов - Во недела ќе спиеме еден час помалку Летното сметање на времето почнува во последниот викенд во март, кога часовникот...
Мандар си го нишка новороденчето, Ивона Јо се бакнува со сопругот: Што прават македонските ѕвезди де... Стефан Лазаров прослави 29-ти роденден, а Катарина Ивановска беше на одмор на ос...
Каролина Гочева на Сејшели со сопругот Михаил - романтични прошетки на рајскиот остров, чита книга н... „Летото нè повикува“ - напиша Каролина на видеото на Инстаграм Стори, снимено до...
Со зурли, тапани и над 30 стари обичаи, Александар и Мартина се венчаа на Галичка свадба 2026 (видео... Со преку 30 обичаи кои се пренесуваат од колено на колено, Александар Пендароски...

Најчитани неделава