Перо Камиказа доживеа незгода со велосипед на кеј: „Добив потрес на мозок, 4 конци на глава, нагмеченици“
- Детали
- понеделник, 20 јули 2026
„Завршив препрчен на асвалтот, со лице према Бога. Имено возејќи велосипед во мојата лента крајно десно, од другата страна ми истрча трчач без да се сврти влета во мене и благо речено ме суреди“, ја започнува својата исповед Перо Камиказа (65).

Петар Георгиевски (65), познат како Перо Камиказа, фронтмен на рок-групата Меморија, маратонец и велосипедист имаше незгода на кејот на Вардар.
Додека возел велосипед му излетал трчач и завршил со низа повреди.

Неговата исповед:
„Кеј на Вардар
Завчера во 6 и 30 сабајле ја видов патеката на кеј на стотина метри пред Аминта трети, од еден друг ракурс, препрчен на асвалтот, со лице према Бога.
Имено возејќи велосипед во мојата лента крајно десно, од другата страна ми истрча трчач без да се сврти влета во мене и благо речено ме суреди?!
Потрес на мозок, четири конци на глава со машничка, неколку нагмеченици, сол направени наочари, но читав точак, за чудо!

Сум летал салто, па спринтериците изгледа тогаш се откачиле? Прашувам што се случи ,кога трчачот вика, јас ви излетав, извинете.
Ги прашувам другите сведоци, дали многу ми е удрена главата, кога еден ме теши, ама другиот вика - имаш бајаги голема цепаница...
Се трудам и успевам да станам додека доаѓа брза помош, да ја искористам сенката од Аминта.
Дечкото што ми излета беше видно вознемирен и се извинуваше, што говори дека е од редовните трчачи, многу културен и исплашен.

Доаѓа брза помош, импровизирано ме преврзуваат и правец Ургентен центар.
Дечкото цело време беше со мене, сè додека не се појави ќерка ми и му реков да си отиде. Ми го остава бројот на телефон и си заминува.
Потоа компјутер, томографија, некоку прегледи, и долги саат време до констатација дека имам стари повреди кој изгледале ко нови. За секоја од нив си ја знам историјата, но за чудење на докторот како фукционирам со така свртен с2 на вратот?! Но тоа е од друг филм.
Се појавуваат полицајци, ме прашуваат, како се случило, јас бегло раскажувам, па ми даваат да дувам драгер, дали сум пијан?!
Јас со контузија на глава и крварење дував.
Ја прашувам полицајката, кој будала би возел точак на кеј во 6 сабајле пијан, таа вика, пола се пијани што паѓаат од точак?!.